Лука 13
13
Повик за покајување
1 #
Дела 5,37
Во истото време беа присутни и некои, кои Го известија за настанот со Галилејците, чија крв Пилат ја смешал со нивните жртви. 2#Јн 9,2-3Исус им одговори и рече: „Мислите ли дека тие Галилејци биле најголемите грешници од сите Галилејци, па затоа така пострадаа? 3#Пс 7,11-12Не, ви велам: но, ако не се покаете, сите така ќе изгинете! 4Или мислите дека оние осумнаесет души, врз кои падна Силоамската кула и ги уби, беа највиновни должници од сите други што живеат во Ерусалим? 5Не, ви велам: но ако не се покаете, сите така ќе изгинете.“
Парабола за неплодната смоква
6 #
6,43-44; Мт 21,19 И ја кажа оваа парабола: „Некој човек имаше во своето лозје посадено една смоква, па дојде да бара од неа плод, но не најде. 7#Мт 3,10; 7,19Тогаш му рече на лозарот: ‚Ете, три години доаѓам и барам плод на оваа смоква, и не наоѓам; пресечи ја; зошто само да ја испостува земјата.‘ 8#2 Птр 3,9.15А тој му одговори и рече: ‚Господаре, остави ја и оваа година, додека да ја опкопам и ѝ ставам ѓубре; 9па, ако роди, добро, а ако не даде плод, тогаш в година ќе ја пресечеш.‘“
Исцелувањето на згрчената жена
10 #
6,6
Во една од синагогите Тој поучуваше во сабота. 11#Мт 8,29.31И ете, дојде една жена која беше обземена од дух што ѝ предизвикуваше немоќ веќе осумнаесет години. Таа беше згрчена и никако не можеше да се исправи; 12штом ја виде Исус, ја повика и ѝ рече: „Жено, ослободена си од болеста своја.“ 13#4,40; Мт 9,18И ги стави рацете Свои врз неа; и таа веднаш стана и Го славеше Бога. 14#6,7; 2 Мојс 20,9-10; 5 Мојс 5,13-14; Мт 12,1; Јн 5,16; 7,23; 9,14.16А началникот на синагогата, негодувајќи што ја излекува Исус во сабота, одговори и му рече на народот: „Има шест дена во кои треба да се работи; тогаш доаѓајте и лекувајте се, а не во сабота!“ 15#14,5; Мт 12,11Но Господ му одговори и рече: „Лицемере, не го одврзува ли секој својот вол, или магаре, од јаслите во сабота и не го води ли да го напои? 16А оваа ќерка Авраамова, што ја врзал сатаната еве веќе осумнаесет години, зарем не требаше да се ослободи од тие ланци во сабота?“ 17#4,15И штом го рече ова, сите што беа против Него се засрамија; и целиот народ се радуваше за сите славни дела извршени од Него.
Парабола за синаповото зрно
(Мт 13,31-32; Мк 4,30-32)
18 #
Мт 3,2; 6,10 А Тој рече: „На што прилега царството Божјо и со што да го споредам? 19#Ез 17,23; 31,6; Пс 104,12; Дан 4,9.18Тоа е како синапово зрно, што го зема човек и го посадува во градината своја, каде што израстува и станува големо дрво; па и птиците небески си прават гнезда на неговите гранки.“
Споредба со квасецот
(Мт 13,33)
20 #
1 Кор 5,6; Гал 5,9 И пак рече: „Со што да го споредам царството Божјо? 21Тоа прилега на квас што го зема жена и го става во три мери брашно, додека скисне сето.“
Тесната врата
(Мт 7,13-14.21-23)
22 #
9,51; 17,11; 19,28 И по патот за Ерусалим минеше низ градови и села и поучуваше. 23Некој, пак, Му рече: „Господи, малку ли се оние што ќе бидат спасени?“ А Тој рече: 24#16,16; Мк 10,25„Потрудете се да влезете низ тесната врата; зашто ви велам: мнозина ќе сакат да влезат и не ќе можат. 25#Мт 25,10-12Кога ќе стане домаќинот и ќе ја затвори вратата на куќата, а вие, стоејќи однадвор, ќе почнете да чукате и да викате: ‚Господи, Господи, отвори ни!‘ Тој ќе ви одговори и ќе ви рече: ‚Не ве знам од каде сте!‘ 26Тогаш ќе почнете да зборувате: ‚Ние јадевме пред Тебе и пиевме; и по нашите улици Ти поучуваше.‘ 27#Пс 6,9А Тој ќе рече: ‚Ви велам: не ве познавам од каде сте; отстапете од Мене сите што вршите неправда!‘ 28#16,22; Мт 8,11-12Таму ќе настане плач и шкрипење со заби, кога ќе го видите Авраам, Исак и Јаков и сите пророци во царството Божјо, а себе – истерани надвор. 29#14,15-24; 22,16.18.30; Ис 2,2-5; 25,6-8; 66,18-21; Пс 107,3И ќе дојдат од исток и запад, и север и југ, и ќе седнат на трпезата во царството Божјо. 30#Мт 19,30; 20,16; Мк 10,31И така, има последни што ќе бидат први, а има и први што ќе бидат последни.“
Исус и Ерусалим
(Мт 23,37-39)
31 #
14,1
Во тој ден пристапија некои од фарисеите и Му рекоа: „Излези и оди си одовде, зашто Ирод сака да Те убие!“ 32И им рече: „Одете и кажете ѝ на таа лисица: еве, истерувам демони и исцелувам уште денес и утре – а на третиот ден ќе завршам; 33#2,38; Мт 16,14но Јас треба да го проследам Своето патување уште денес, утре и задутре, бидејќи не доликува пророк да загине надвор од Ерусалим. 34Ерусалиме, Ерусалиме, ти што ги убиваш пророците и ги каменуваш оние што ти се пратеници твои. Колкупати сакав да ги соберам чедата твои како што квачка ги собира пилињата свои под крилја, но не сакавте. 35#19,38; 21,6; Ер 7,1-15.26; 12,7; 22,5; Ез 8–11; Мих 3,12; Пс 69,25; 118,26; Мт 21,9И ете, домот ваш ќе ви биде напуштен. И Јас ви велам дека нема да Ме видите сѐ додека не дојде времето да кажете: ‚Благословен е Оној Кој доаѓа во името Господово!‘“
Селектирано:
Лука 13: MK2006
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006

: