Лука 19
19
Исус и Закхеј
1 #
Мк 10,46
Потоа влезе Исус во Ерихон и минуваше низ него. 2#Мт 5,46И ете, еден човек по име Закхеј, кој беше началник на цариниците, и беше богат, 3#9,9настојуваше да види Кој е Тој Исус, но не можеше од народот, зашто беше низок по раст. 4Затоа потрча напред и се качи на една смоква за да Го види, бидејќи покрај неа требаше да помине. 5Исус, пак, кога дојде на тоа место, погледна нагоре, го виде и му рече: „Закхеј, слези побргу, зашто денес треба да бидам во твојот дом.“ 6И тој веднаш слезе и Го прими со радост. 7#15,2; 2 Мојс 15,24; 16,2; Мт 20,11; 1 Кор 10,10И сите, кога го видоа тоа, негодуваа и рекоа: „Отиде во куќа на грешен човек.“ 8#2 Мојс 21,37; 3 Мојс 5,21-24; 4 Мојс 5,6-7; 2 Сам 12,6; Изреки 6,31А Закхеј застана и Му рече на Господ: „Господи, еве половината од својот имот ќе ја дадам на сиромаси; и ако сум зел од некого нешто, четворно ќе го вратам.“ 9#2,11; 3,8; Дела 16,31.34; Рим 4,16; Гал 3,7.29А Исус му рече: „Денес дојде спасението за овој дом, зашто и тој е син Авраамов. 10#15,6.9.24.32; Ез 34,16Зашто Синот Човечки дојде да го побара и да го спаси она што е загубено.“
Парабола за доверените златници
(Мт 25,14-30)
11 #
2,38; 9,27.51; 18,31 А на оние што го слушаа ова, им кажа и една парабола, бидејќи беше близу до Ерусалим и тие мислеа дека набргу ќе се појави царството Божјо, 12#Мк 13,34па рече: „Еден благородник заминуваше во далечна земја да прими царска власт за себе и потоа да се врати. 13Тогаш ги повика своите десет слуги, им даде десет мини и им рече: ‚Тргувајте со нив, додека да се вратам!‘ 14#Пс 2,2; Јн 19,15.21Но граѓаните го мразеа и испратија по него пратеници, велејќи: ‚Нејќеме тој да царува над нас.‘ 15А кога се врати, по примањето на царската власт, нареди да ги повикаат оние слуги, на кои им ги беше дал парите, за да види, кој колку спечалил. 16Дојде првиот и му рече: ‚Господаре, твојата мина заработи десет мини.‘ 17#16,10И му рече: ‚Добро, верен слуго; во мала работа беше верен, еве ти власт над десет градови.‘ 18Дојде вториот и рече: ‚Господаре, твојата мина заработи пет мини.‘ 19А тој и нему му рече: ‚И ти биди – над пет градови.‘ 20И друг дојде, велејќи: ‚Господаре, еве ти ја твојата мина, што ја чував в крпа, 21зашто се плашев од тебе, бидејќи си строг човек: земаш од каде што не си оставил и жнееш, каде што не си сеел.‘ 22А господарот му рече: ‚Со твојата уста ќе ти судам, лукав слуго; ти знаеш дека сум жесток човек: земам од каде што не сум оставил и жнеам, каде што не сум сеел; 23тогаш, зошто не ги даде моите пари кај трговците, та кога ќе се вратам, да си го соберам сосе добивка?‘ 24#20,16Па им рече на присутните: ‚Земете ја од него мината и дајте му ја на оној, што има десет мини!‘ 25И му рекоа: ‚Господаре, тој има десет мини!‘ 26#Мт 13,12; Мк 4,25Ви велам дека секому што има ќе му се придаде; а од оној што нема, ќе му се одземе и она што го има. 27#Пс 2,9А оние мои непријатели, што не сакаат да царувам над нив, доведете ги тука и погубете ги пред мене!“
Исусовото свечено влегување во Ерусалим
(Мт 21,1-11; Мк 11,1; Јн 12,12-19)
28 #
9,51; 13,22 Кога го рече тоа, Тој тргна понатаму, искачувајќи се кон Ерусалим. 29#Мт 21,17И кога се приближи до Витфагија и Витанија, до таканаречената Маслинова Гора, испрати два ученика, 30велејќи: „Одете во селоно отспротива. Штом ќе влезете во него, ќе најдете едно врзано магаре, кое ниеден човек не го јавал. Одврзете го и доведете го! 31И ако ве праша некој: ‚Зошто го одврзувате?‘ Кажете му вака: ‚Тоа Му е потребно на Господ.‘“ 32#22,13Кога отидоа испратените, најдоа како што им беше рекол. 33И кога го одврзуваа магарето, стопаните им рекоа: „Зошто го одврзувате магарето?“ 34#7,13Тие одговорија: „Потребно Му е на Господ.“ 35#Зах 9,9-10И го доведоа кај Исус, па штом ги нафрлија облеките свои на магарето, Му помогнаа на Исус да се качи. 36#2 Цар 9,13И додека минуваше Тој, ги постилаа своите наметки по патот. 37#2,20; 1 Цар 1,38.40А кога наближи до местото од каде што се слегува од Маслиновата Гора#19,37 Елеонска Гора, сето мноштво ученици почна радосно да Го прославува Бога со висок глас, за сите чуда што ги видоа, 38#2,14; Пс 118,26; 148,1велејќи: „Благословен е Царот Кој доаѓа во името Господово! Мир на небото и слава во висините!“ 39#Мт 21,15-16А некои фарисеи од народот Му рекоа: „Учителе, забрани им на учениците Твои!“ 40#Авак 2,11Но Тој им одговори и рече: „Ви велам, ако тие замолкнат, камењата ќе повикаат.“
Исус плаче за Ерусалим
41 #
Јн 11,35
А кога се приближи и го виде градот, заплака над него 42#8,10; 13,34-35; 5 Мојс 32,29; Ис 6,9-10; Мт 13,14; Рим 11,8-10и рече: „Кога би можел во овој ден и ти да го дознаеш она што е потребно за твојот мир! Но тоа е сега сокриено од твоите очи. 43#21,20-24; Ер 6,6; Ез 4,2Зашто ќе дојдат денови за тебе и непријателите твои ќе те опкружат со ровови и ќе те опколат, и ќе те притеснат од сите страни; 44#1,68; 12,54-56; 21,6; 23,28-31; Пс 137,9; Мт 24,2; 1 Птр 2,12и ќе те срамнат со земјата тебе и ќе ги избијат децата твои во тебе и нема да остават камен на камен од тебе, зашто не си го позна времето кога беше посетен.“
Исус во храмот
(Мт 21,12-17; Мк 11,15-19; Јн 2,13-22)
45И кога влезе во храмот, почна да ги гони оние што продаваа и купуваа во него, 46#1 Цар 8,30-40; Ис 56,7; Ер 7,11велејќи: „Напишано е: ‚Домот Мој е дом за молитва, а вие го направивте разбојничка пештера.‘“ 47#6,11; 21,37; Мт 12,14; 26,55; Јн 5,18; 18,20И поучуваше секој ден во храмот. А првосвештениците и книжниците, и старешините народни, настојуваа да го погубат, 48#20,19; 21,38но не пронајдоа како да Му го направат тоа, зашто сиот народ Го слушаше со големо внимание.
Селектирано:
Лука 19: MK2006
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006