Матеј 14:34-36
Матеј 14:34-36 MK2006
Па откако преминаа, дојдоа во земјата генисаретска. Луѓето од тоа место, штом Го познаа, разгласија по целата таа околија и ги донесоа кај Него сите болни. И Го молеа да се допрат барем до крајот од Неговата облека; и тие што се допреа, се излекуваа.

