Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Филипјаните 3

3
Вистинскиот начин да се биде праведен во очите на Бога
1 # 1,5; 2,18; 4,4; 2 Кор 13,11; 1 Сол 5,16 Но, браќа мои, радувајте се во Господ! Зашто мене не ми е здодевно да ви пишувам исти нешта, а за вас тоа значи безбедност. 2#Пс 22,16; 2 Кор 11,13; Гал 5,12Чувајте се од кучињата, чувајте се од лошите работници, чувајте се од лажно обрезување, 3#5 Мојс 10,16; Ер 4,4; Рим 1,9; 2,29; Гал 6,14-15; Кол 2,11зашто вистинското обрезување сме ние, кои со Духот Му служиме на Бога и се гордееме со Христос Исус, и не се надеваме на телото, 4#Рим 7,5; 2 Кор 11,18иако јас можам да се надевам и на телото. Ако некој друг мисли дека мо­же да се надева на телото, тогаш уште повеќе можам да се надевам јас, 5#1 Мојс 17,12; 3 Мојс 12,3; Мт 3,7; Лк 1,59; 2,21; Дела 23,6; 26,5; 2 Кор 11,22кој сум обрезан во осмиот ден, од родот Израелов, од Венијаминовото колено, Евреин од Евреите, по законот фарисеј, 6#Дела 8,3; 22,4; 26,9-11; 1 Кор 15,9; Гал 1,13; 1 Тим 1,13-14по ревност – гонител на Божјата Црква, според правдата на Законот – беспрекорен. 7#Мт 13,44.46Но тоа што беше за мене придобивка, поради Христос го сметав за загуба. 8#Ос 2,22; Јн 10,14; 17,3; Ефес 3,19; 4,13Затоа, сметам дека и сѐ друго е загуба спрема преважното познание на Христос Исус, мојот Господ, поради Кого се одреков од сѐ, и сѐ сметам за отпад, само за да Го придобијам Хрис­тос, 9#Мт 5,20; Рим 3,21-22; 10,3; Гал 2,16; 3,21-22и да се најдам во Него, не со својата праведност стекната од Законот, туку со придобивката преку верата во Хрис­тос, односно со праведноста од Бога преку верата; 10#Јн 11,24-26; 1 Кор 6,14; Гал 6,17за да Го познаам Него, и силата на Неговото воскресение, и учеството во Неговите страдања, грижејќи се мојата смрт да биде слична со Неговата, 11#Дела 4,2; Откр 20,5-6та некако да го достигнам воскресението на мртвите.
Трчање кон целта
12 # Мт 5,48; Дела 9,5-6; 1 Кор 8,3; Гал 4,9; Кол 1,28; 1 Тим 6,12; 1 Јн 4,10 Велам така не затоа што веќе дос­тигнав, или дека веќе постигнав со­вр­шен­ство, туку се стремам да го достигнам она со кое Христос ме достигна мене. 13#Лк 9,62Браќа, јас не мислам дека сум го достигнал тоа; но едно правам: го заборавам она што е зад мене, а се стремам кон она што е пред мене, 14#2,16; 1 Кор 9,24трчам кон целта – кон наградата на горното призвание од Бога во Исус Христос. 15#Мт 5,48; 1 Кор 2,6Ние, кои сме, пак, совршени, мислиме така; ако, пак нешто инаку мислите, Бог и тоа ќе ви го открие. 16#Гал 6,16Но, само да го држиме она до кое достигнавме, да бидеме едномислени и по истото правило да продолжиме. 17#1 Кор 4,16; 11,1; 1 Сол 1,7; 1 Птр 5,3Следете го мојот пример, браќа, и гледајте ги оние што живеат според образецот што го имате во вас. 18#1 Кор 1,17-18.23; Гал 5,11Зашто мнозина, за кои често сум ви зборувал, а сега дури и со солзи говорам, постапуваат како непријатели на крстот Христов; 19#Мт 6,19; Јн 3,12; Рим 16,18; Кол 3,2нивниот крај е погибел, нивниот бог – стомакот, а славата – во нивниот срам; тие мислат за земните работи. 20#1 Кор 1,7; Ефес 2,6.19; Кол 3,1-4; Тит 2,13; Евр 12,22; 13,14А нашето жителство е на небесата, од каде што Го очекуваме и Спа­сителот, нашиот Господ Исус Христос. 21#Рим 8,29; 1 Кор 15,27.43-49.53; Ефес 1,19; 3,7; Кол 3,4; Евр 2,8Тој ќе го преобрази нашето по­ни­зе­но тело да стане подобно на Неговото славно тело, со силата преку која Тој може да потчинува под Себе сѐ.

Селектирано:

Филипјаните 3: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се