Псалми 6
6
ПСАЛМ 6
Покајничка молитва. Надеж во помошта од Господ
1Господи, не карај ме во јароста Своја и не казнувај ме во гневот Свој. 2#38,1; Ер 10,24Смилувај се на мене, Господи, бидејќи сум немоќен; исцели ме, Господи, зашто коските ми се тресат; 3#41,4; Ер 17,14; 23,9; Јов 4,14и душата ми е потресена. А Ти, Господи до кога? 4#90,13Врати се, Господи, избави ја душата моја, спаси ме поради милоста Своја, 5#31,16; 109,26бидејќи мртвите не Те спомнуваат Тебе; во пеколот кој ќе Те слави Тебе? 6#30,9; 88,5.10-12; 115,17; Ис 38,18Се уморив воздивнувајќи; секоја ноќ го навлажнувам леглото мое, со солзи свои ја натопувам постелата моја. 7#38,8; 69,3; Ер 45,3Од скрб ми се помрачи окото мое, ми ослабе поради сите мои непријатели. 8#31,9Отстапете од мене сите вие, кои вршите неправда, зашто Господ го услиша гласот на мојот плач. 9#119,115; Мт 7,23; Лк 13,27Господ ја услиша молбата моја, Господ ја прими молитвата моја. 10Ќе се посрамат и уплашат сите мои непријатели; ќе се повлечат и веднаш ќе се засрамат.
Селектирано:
Псалми 6: MK2006
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006