Лого на апликацијата „Библија“
Икона за пребарување

Римјаните 10:17-21

Римјаните 10:17-21 MK2006

Затоа, верата доаѓа од слушањето на пораката, а пораката – од Божјото слово. Но велам: зар тие не слушнаа? На­против. „Гласот им се разнесе по целата земја, и зборовите нивни – до краиш­тата на вселената.“ Пак велам: зар Израел не разбра? Најнапред Мојсеј кажа: „Јас ќе ве раздразнам до љубомора со оние кои не се народ; со неразумен народ ќе ве раз­гне­вам.“ А Исаија се осмели да каже: „Ме најдоа оние кои не Ме бараа, им се от­крив на оние, кои не прашаа за Мене.“ За Израел, пак, вели: „Постојано ги подавав рацете Свои кон народ непослу­шен и бунтовен.“