ЈОВАН 1
1
Воплотување на предвечно Божјо Слово
1Во почеток беше Словото, и Словото беше во Бога, и Словото беше Бог. 2Тоа беше во почетокот во Бога. 3Сѐ стана преку Него, и ништо, што стана, не стана без Него. 4Во Него беше живот и животот им беше светлина на луѓето. 5И светлината свети во темнина, и темнината не ја опфати. 6Се јави човек, испратен од Бога, по име Јован. 7Тој дојде за сведоштво, за да сведочи за Светлината, та сите да поверуваат преку него. 8Тој не беше светлина, туку да сведочи за Светлината.
9Вистинската Светлина, Која го осветлува секој човек, доаѓаше во светот. 10Беше во светот, и светот стана преку Него, но светот не Го позна. 11Дојде при Своите, но Неговите не Го примија. 12А на сите кои Го примија, им даде власт да станат Божји деца, на оние кои веруваат во Неговото име: 13кои не се родија ниту од крв, ниту од телесна похот, ни од волја на маж, туку од Бога.
14И Словото стана тело и се настани меѓу нас и ја видовме Неговата слава, славата што ја има како Единороден од Таткото - полн со благодат и вистина. 15Јован сведочи за Него и вика: „Еве Го Оној, за Кого реков: Оној, Кој доаѓа после мене, пред мене е, зашто беше пред мене!“ 16И, сите ние примивме од Неговата полнота: благодат врз благодат. 17За-што, Законот беше даден преку Мојсеја, а преку Исуса Христа дојдоа благодатта и вистината. 18Бога никој никогаш не Го видел; Единородниот Син-Бог, Кој е во прегратката на Таткото, Тој Го објави.“
Сведоштвото на Јована Крстител
19А ова е Јовановото сведоштво, кога Јудејците од Ерусалим му испратија свештеници и левити, за да го прашаат: „Кој си ти?“ 20И призна и не одрече, та исповеда: „Јас не сум Христос.“ 21И го прашаа: „Тогаш што! Илија ли си?“ „Не сум,“ одговори. „Да не си пророк?“ - „Не,“ одговори. 22Тогаш му рекоа: „Кој си?- за да можеме да им одговориме на оние, кои нѐ испратија! Што велиш ти за себеси?“ 23Рече: „Јас сум глас на оној, кој вика во пустината: израмнете го Господовиот пат,“ како што рече пророкот Исаија.“ 24Испратените беа фарисеи. 25Тие го прашаа и му рекоа: „Тогаш зошто крштаваш, кога не си Христос, ниту Илија, ни пророк?“ 26“Јас крштавам со вода - им одго-вори Јован - но меѓу вас стои Еден, Кого вие не Го познавате. 27Тој е Оној Кој доаѓа по мене, Кој беше пред мене, Кому јас не сум достоен да му го одврзам ременот на Неговите обувки.“ 28Тоа се случи во Витавара, од онаа страна на Јордан, каде што крштаваше Јован.
29Утреден Јован Го виде Исуса како доаѓа при него и рече: „Еве Го Божјото Јагне, Кое ги зема гревовите на светот! 30Овој е Оној за Кого ви реков: „По мене доаѓа Човек, Кој постоеше пред мене, зашто беше пред мене.“ 31Јас не Го познавав. Но затоа дојдов да крштавам во вода, за да му Го објавам на Израел.“ 32Јован сведочеше уште: „Го видов Духот да слегува од небото како гулаб, и застана над Него. 33Јас не Го познавав, но Оној Кој ме испрати да крштавам во вода ми рече: „Врз Кого ќе видиш да слегува Духот и да останува над Него, Тој е Оној, Кој ќе крштава во Светиот Дух.“ 34И јас видов и сведочам дека Тој е Божји Син.“
Први ученици
35Идниот ден, Јован стоеше пак и двајца од неговите ученици, 36и штом Го виде Исуса да поминува, рече: „Еве Го Божјото Јагне!“ 37Кога ги чуја од него тие зборови, обата ученика тргнаа по Исуса. 38Исус се заврти и, кога виде дека идат по Него, ги праша: „Што барате?“ Тие Му одговорија: „Рави (што значи учител) каде живееш?“ 39“Дојдете и видете!“ им одговори. И така, отидоа да видат каде живее, и останаа при Него оној ден. Тоа беше околу десеттиот час. 40Еден од двајцата кои тргнаа по Исуса, откако ги чуја Јовановите зборови, беше Андреј, братот на Симона Петра. 41Тој го најде првин брата си Симона и му рече: „Го најдовме Месијата, што значи Хри-стос (Помазаник).“ 42И го доведе при Исуса. А Исус, гледајќи го му рече: „Ти си Симон, синот Јонин; ти ќе се наречеш Кифа, што значи камен (Петар).“
43На другиот ден Исус посака да отиде во Галилеја, и го најде Филипа. И му рече: „Дојди по Мене!“ 44Филип беше од Витсаида, од Петровиот и Андреевиот град. 45Филип го сретна Натанаила и му рече: „Го најдовме Оној за Кого пишува Мојсеј во Законот и Пророците: Исуса, синот Јосифов од Назарет.“ 46“Може ли да излезе нешто добро од Назарет?“, му рече Натанаил. „Дојди и види“, му одговори Филип. 47Исус го забе-лежа Натанаила, како Му се приближува, и рече за него: „Еве, вистински Израелец, во кого нема лукавство.“ 48“Откаде ме познаваш?“, го праша Натанаил. „Уште пред да те повика Филип - му одговори Исус - те видов под смоквата.“ 49“Рави! - му одговори Натанаил - Ти си Божји Син! Ти си Израелев Цар!“ 50Исус во одговор му рече: „Веруваш, зашто ти реков дека те видов под смоквата! Ќе видиш и повеќе од тоа!“ 51И му рече: „Вистина, вистина ви велам: отсега ќе го видите небото отворено и Божјите ангели како се искачуваат и слегуваат над Човечкиот Син.“
Селектирано:
ЈОВАН 1: MKB
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
The Macedonian Bible: Old and New Testament, Konstantinov
Copyright © 1999, 2004, by Loukas Foundation ®
Used by permission of City Bible Foundation ® All rights reserved worldwide.

: