А во тој ист крај пастири ноќеваа под ведро небо, чувајќи го своето стадо. И одеднаш Господов ангел им пристапи и Господовата слава ги осветли, па се уплашија многу. Ангелот пак им рече: „Не бојте се, зашто, еве, ви најавувам добра вест, голема радост, која ќе биде за сите народи: зашто денес ви се роди Спасител, во Давидовиот град, Кој е Христос Господ. И ова ви е знак: ќе најдете Младенче повиено, како лежи во јасли!“ И одеднаш со ангелот се најде мно-жество небесно воинство, кое Го фалеше Бога, велејќи: “Слава на Бога во висините и на земјата мир, во луѓето добра волја!“ А кога ангелите си отидоа од нив во небото, пастирите си зборуваа еден на друг: „Тогаш, да отидеме до Витлеем и да видиме што се случило таму, за кое ни соопшти Господ!“ И брзајќи дојдоа и ги најдоа: Марија и Јосифа, и Дете-нцето како лежи во јаслите. А штом видоа, кажаа сѐ што им беше речено за Детенцето. И сите кои чуја, се восхитуваа на она, што пастирите им го рекоа. А Марија ги помнеше сите овие зборови и размислуваше за нив во своето срце. И пастирите се вратија, славејќи Го и фалејќи Го Бога, за сѐ што чуја и видоа, онака како што им беше речено.
Прочитај ЛУКА 2
Сподели
Спореди ги сите верзии: ЛУКА 2:8-20
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа