Лого на YouVersion
Икона за пребарување

МАРКО 8

8
Исус нахранува четири илјади луѓе
1Во тие дни, кога пак се собра големо множество и немаа што да јадат, ги повика Своите ученици и им рече: 2“Жал ми е за народот, зашто веќе три дни се постојано покрај Мене и нема што да јадат. 3Ако ги распуштам гладни по нивните куќи, ќе премалеат по патот, зашто некои од нив се дојдени оддалеку.“ 4И Неговите ученици Му одговорија: „Откаде може некој да ги насити со лебови, тука во пустината?“ 5И ги праша: „Колку лебови имате?“ А тие рекоа: „Седум“. 6Тогаш му заповеда на народот да прилегне на земјата. И ги зеде седумте лебови, заблагодари и ги раскрши, и им даваше на Своите ученици да ги стават, и тие ги ставија пред мно-жеството. 7Имаа и малку рипчиња. И кога ги благослови, заповеда да ги стават и нив. 8И јадеа и се наситија, и дигнаа седум кошници останати парчиња. 9А беа околу четири илјади; и ги распушти. 10И веднаш влезе во кораб со Своите ученици, и дојде во околината на Далманута.
Фарисеите бараат знак.
11И фарисеите излегоа и почнаа да се препираат со Него, барајќи од Него знак од небото, да Го иску-шаат. 12А Тој воздивна, со својот дух и рече: „Зошто ова поколение бара знак? Вистина ви велам, нема да му се даде знак на овој род.“ 13И ги остави пак, влезе во коработ и премина на другата страна.
14И заборавија да земат леб, и имаа само еден леб со себе во коработ. 15И им заповеда, велејќи; „Гледај-те! Чувајте се од фарисејскиот квас и од квасот Иродов!“ 16Тие пак размислуваа меѓу себе: „Бидеј-ќи немаме леб!“ 17А Исус кога го разбра тоа им рече: „Зошто мислите дека немате леб? Уште ли не разбирате и не сфаќате? Скаме-нето ли е вашето срце? 18Очи имате, а не гледате? Уши имате, а не слушате? 19И не си спомнувате ли, кога ги раскршив петте лебови на пет илјади, колку кошници полни со залаци кренавте?“ Му рекоа: „Дванаесет.“ 20Кога раскршив се-дум лебови на четири илјади, колку кошници полни со залаци кренавте?“ Рекоа: „Седум“. 21И им рече: „Уште ли не разбирате?“
Исцелување на слеп во Витсаида
22И дојдоа во Витсаида. И Му доведоа еден слеп и Го молеа да го допре. 23Тој го фати слепецот за рака, го изведе надвор од селото и му плукна во очите; ги положи рацете на него и го праша: „Гле-даш ли нешто?“ 24Ги подигна очите и рече: „Гледам луѓе како одат - ги гледам како дрва.“ 25Потоа пак ги положи рацете на неговите очи, и прогледа и оздра-ве, и гледаше сѐ јасно. 26И го ис-прати во неговиот дом, велејќи: „Не влегувај во селото, и никому не раскажувај!“
Исус ги претскажува Својата смрт и Воскресението
27И излезе Исус, со Своите ученици, по селата на Кесарија Фили-пова; а патем ги прашуваше Сво-ите ученици, велејќи им: „Што велат луѓето, Кој Сум Јас?“ 28Тие Му рекоа: „Јован Крстител, други велат Илија; а трети - дека си еден од пророците.“ 29Но Тој ги праша: „А вие за Кого Ме сметате?“ Петар во одговор Му рече: „Ти си Христос“. 30И им забрани никому да не зборуваат за Него.
31И почна да ги учи дека Човечкиот Син треба да пострада многу и да биде отфрлен од старешините, првосвештениците и книжниците; дека ќе Го убијат и дека по три дни ќе воскресне. 32И тоа го зборуваше отворено. А Петар Го зеде насамо и почна да Го укорува. 33Но Тој се заврте и ги погледна Своите ученици, го укори Петра и рече: „Оди си од Мене, сатано, зашто ти не мислиш за она што е Божјо, туку за она што е човечко.“
34И го повика народот, заедно со Своите ученици и им рече: „Кој сака да дојде по Мене, нека се одрече од себеси и нека го подигне својот крст и нека оди по Мене. 35Зашто, кој сака да ја спаси својата душа, ќе ја загуби; а кој ќе ја загуби својата душа заради Мене и Евангелието, ќе ја спаси. 36Зашто, што му користи на човекот, ако го добие целиот свет, а на својата душа ѝ напакости! 37Зашто, што може човекот да даде во замена за својата душа? 38Зашто, кој се срами од Мене и од Моите зборови во овој прељубодеен и грешен род, и Човечкиот Син ќе се срами од него, кога ќе дојде во славата на Својот Татко, со светите ангели.“

Селектирано:

МАРКО 8: MKB

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се