Лого на YouVersion
Икона за пребарување

МАРКО 9

9
1И им рече: „Вистина ви велам - има некои меѓу овие, кои стојат тука, кои нема да вкусат смрт, додека не го видат Божјото Царство дојдено во сила.“
Преобразување
2И по шест дни, Исус ги зеде Петра, Јакова и Јована и ги изведе само нив на една висока планина, насамо, и се преобрази пред нив; 3и неговите облеки станаа блескави и многу бели, како што белител на земјата не може да ги избели. 4И им се јави Илија со Мојсеја, и разговараа со Исуса. 5А Петар проговори и Му рече на Исуса: „Рави! Учителе, добро е да сме тука; да направиме три шатори: еден за Тебе, еден за Мојсеј и еден за Илија.“ 6Имено, не знаеше што да рече, зашто беа многу уплашени. 7И дојде облак и ги засени, а од облакот се чу глас: „Овој е Мојот возљубен Син! Слушајте Го Него!“ 8И одеднаш кога се обѕрнаа, веќе никого не видоа покрај себе, освен Исуса.
9А кога слегуваа од гората, им заповеда никому да не му кажу-ваат што видоа, додека Човечкиот Син не воскресне од мртвите.“ 10И тие го држеа цврсто тој збор, но меѓусебно расправаа: што значи - да се воскресне од мртви? 11И Го прашаа: „Зошто книжниците ве-лат дека првин Илија треба да дојде?“ 12А Тој им рече: „Илија ќе дојде првин, и ќе воспостави сѐ. А како е напишано за Човечкиот Син: дека треба многу да пострада и да биде презрен? 13Но, Јас ви велам, дека Илија дојде, и постапија со него, како што сакаа, како што е напишано за него.“
Исцелување на бесен
14И кога дојдоа при учениците, видоа многу големо множество околу нив и книжници, кои се препираа со нив. 15И штом целото множество Го виде, се зачудија, и се стрчаа и Го поздравуваа. 16И ги праша: „За што се препирате со нив?“ 17А еден од народот му одговори: „Учителе, Ти го доведов сина си, во кого е нем дух; 18и кога го фаќа, го кутнува, а тој се пени, чкрта со забите и се здрвува. Им реков на Твоите ученици да го истераат, но не можеа.“ 19А Тој одговори и рече: „О неверен роде, до кога ќе бидам со вас? До кога ќе ве трпам? Доведете го при Мене!“ 20И Му го доведоа. А штом духот го виде, веднаш го стресе и тој падна на земја, се тркалаше и се пене-ше. 21Тогаш го праша татка му: „Колку време има откако му се случува ова? А тој рече: „Од детството, 22а често го фрла во оган и во вода - за да го погуби. Но, ако можеш нешто, смилувај ни се и помогни ни!“ 23Исус пак му рече: „Ако можеш нешто! Сѐ е можно на оној, кој верува!“ 24Таткото на детето веднаш извика и рече: „Верувам! Помогни му на моето неверие!“ 25А Исус штом виде дека придојдува народ, му се закани на нечистиот дух и му рече: „Нем и глув душе, Јас ти заповедам, излези од него и повеќе не влегувај во него!“ 26И извика, и го стресе силно детето и излезе. И беше како мртво, така што мнозина велеа дека умрело. 27А Исус го фати за рака, го поткрена и тоа стана. 28А кога дојде во една куќа, Неговите ученици Го прашаа насамо: „Зошто ние не можевме да го истераме?“ 29И им одговори: „Овој род со ништо не може да се истера, освен со молитва и пост.“
Исус повторно ги претскажува Својата смрт и воскресението
30И кога замина оттаму, минуваа низ Галилеја, и не сакаше некој да научи за тоа; 31имено, ги поучу-ваше Своите ученици и велеше: „Човечкиот Син ќе биде предаден во човечки раце, и ќе Го убијат; и откако ќе Го убијат, Тој ќе воскресне на третиот ден. 32Но тие не го разбраа тој збор, а се боеја да Го прашаат.“
Поука за апостолите
33И дојдоа во Капернаум, и кога беше во куќата, ги праша: „За што се расправавте патем?“ 34А тие молчеа, зашто патем се расправаа меѓусебно за тоа кој е поголем. 35Тој пак седна, ги повика Дванае-сетте и им рече: „Кој сака да биде прв, нека биде последен и слуга на сите!“ 36Тогаш зеде едно детенце, го постави меѓу нив, го прегрна и им рече: 37“Кој прима едно такво дете во Мое име, Мене Ме прима, а кој Ме прима Мене, не Ме прима Мене, туку Оној Кој Ме испратил.“
38Јован Му рече: „Учителе, видов-ме еден - кој во Твое име - изгонуваше зли духови, а не оди по нас, и му забранивме, зашто не оди по нас.“ 39А Исус рече: „Не бранете му! Зашто нема никој, кој би пра-вел чудо во Мое име и да може веднаш потоа да говори зло за Мене. 40Зашто, кој не е против нас, тој е со нас.“ 41И кој ќе ве напои со чаша ладна вода во Мое име, затоа што сте Христови, вистина ви велам, нема да ја изгуби својата награда. 42А кој соблазни едно од овие мали, кои веруваат во Мене, подобро ќе му биде да му обесат на вратот воденички камен и да биде фрлен во морето. 43И ако твојата рака те соблазнува, отсечи ја. Подобро е да влезеш без рака во животот, отколку со двете раце да отидеш во пеколот, во неизгорлив оган, 44каде нивниот црв не умира, и огнот не изгорува. 45Ако твојата нога те соблазнува, отсечи ја! Подобро е за тебе да влезеш во животот хром, отколку со двете нозе да бидеш фрлен во пеколот, 46каде нивниот црв не умира, и огнот не изгорува. 47И ако и твоето око те соблазнува, извади го! Подобро е за тебе да влезеш во Божјото Царство со едно око, отколку да бидеш со двете очи фрлен во пеколот, 48каде нивниот црв не умира, и огнот не изгорува. 49Зашто секој ќе биде посолен со оган, и секоја жртва ќе се осоли со сол. 50Солта е добра, но ако солта стане несолена, со што ќе ја поправите? Имајте сол во себе и имајте мир помеѓу себе.“

Селектирано:

МАРКО 9: MKB

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се