Лука 13
13
1Во тоа време дојдоа некои луѓе кај Исус и Му кажуваа за група Галилејци што ги убил Пилат додека тие принесувале жртви во ерусалимскиот храм, така што нивната крв се измешала со крвта на жртвите.
2А Тој им рече: „Немојте да мислите дека овие Галилејци биле најгрешните луѓе меѓу Галилејците, затоа што настрадале на ваков начин!
3Не, туку, и вам ви велам: ако не се покаете - сите ќе изгинете така!
4И немојте да мислите дека оние осумнаесетмина што беа згмечени кога врз нив падна кулата во Шилоах беа најгрешни меѓу жителите на Ерусалим!
5Ви велам дека не беа најгрешни, но ако не се покаете - сите ќе изгинете така!“
6Потоа Исус им ја кажа оваа споредба: „Еден човек имаше во лозјето насадено смоква. Кога дојде да набере плод од неа - не најде.
7Тогаш му рече на лозарот: „Еве, веќе три години по ред доаѓам и барам плод на оваа смоква, но плод нема; затоа - пресечи ја! Зошто само да ја испостува земјата?“
8А лозарот му одговори: „Господару! Остави ја уште годинава. Јас ќе ја опкопам и ќе ја наѓубрам;
9можеби тогаш ќе роди нешто. Ако и потоа не роди ништо - пресечи ја!“
10Една сабота Исус поучуваше во синагогата.
11Тука се најде една жена која беше обземена со демонски дух и боледуваше веќе осумнаесет години. Беше целата згрбавена и не можеше да се исправи.
12Штом ја забележа, Исус ја повика кај Себе и и рече: „Жено, те ослободувам од твојата болест!“
13Потоа ги стави рацете врз неа и таа веднаш се исправи, па почна да го прославува Бога.
14Но управникот на синагогата се налути и му рече на насобраниот народ: „Има шест дена за работа! Тогаш доаѓајте и исцелувајте се, а не во сабота!“
15А Исус му одговори: „Колку сте лицемерни! Сите вие си ги одврзувате волот и магарето од јаслите и ги водите на поење и во сабота,
16а се противите на ослободувањето од болеста во сабота на оваа ќерка Авраамова, која Ѓаволот веќе осумнаесет години ја држи врзана!“
17Кога го рече тоа, се посрамија сите Негови противници, а народот им се радуваше на сите чуда што ги правеше Исус.
18Потоа Исус рече: „Со што да го споредам Божјото царство?
19Тоа може да се спореди со синапово зрно што ќе го посее човек во својата градина. Тоа израснува и се развива во стебло на кое и птиците слетуваат и си прават гнезда меѓу неговите гранки.“
20Исус продолжи: „Со што да го споредам Божјото царство?
21Тоа може да се спореди со квасец што го зема жена и го замесува со три мери брашно; и целото тесто нараснува!“
22На пат кон Ерусалим, Исус патуваше низ градови и села, поучувајќи ги луѓето.
23Некој го праша: „Господине, мал број ли ќе бидат луѓето што ќе се спасат?“ А Исус им се обрати на сите:
24Вратата кон небото е тесна, затоа трудете се да влезете низ неа. Ве уверувам дека мнозина ќе сакаат да влезат, но нема да можат!
25Штом ќе стане домаќинот и ќе ја затвори вратата, тогаш, вие, ако останете надвор, ќе тропате и ќе викате: ,Господе, отвори ни!‘ А Тој ќе ви одговори: ,Не ве познавам кои сте и од каде сте?‘
26Вие ќе викате: ,Со тебе јадевме и пиевме; Ти поучуваше по нашите улици!‘
27Но Тој повторно ќе ви рече: ,Не знам кои сте и од каде сте! Бегајте од Мене сите вие што вршевте зло!‘
28Колку ќе плачете и ќе крцкате со заби тогаш, кога ќе ги видите Авраам, Исак, Јаков и сите пророци во Божјото царство, а вие ќе останете избркани надвор!
29Таму ќе има луѓе од исток и од запад, од север и од југ и ќе седнат на трпезата во Божјото царство.
30Некои што овде се презрени, таму ќе бидат почитувани, а некои што овде се почитувани, таму ќе бидат презрени!“
31Во тие мигови кај Исус дојдоа неколку фарисеи и Му рекоа: „Замини си одовде и оди на некое друго место, зашто Ирод сака да Те убие!“
32Но Исус им одговори: „Одете кај тој лисец и кажете му: уште денес и утре ќе истерувам демонски духови и ќе исцелувам, а на третиот ден ќе завршам.
33Но денес, утре и задутре морам да го продолжам Својот пат, зашто не прилега Божји пророк да загине на друго место, туку - во Ерусалим!“
34„Ерусалиме, Ерусалиме - ти што ги убиваш Божјите пророци и ги каменуваш Божјите пратеници испратени во тебе! Колкупати се обидував да ги закрилам твоите жители, како што квачката ги закрилува пилињата под своите крилја, но не Ми допуштивте!
35Затоа, вашиот дом ќе биде препуштен да запусти. Ве уверувам дека отсега нема да Ме видите, сe додека не дојде време кога ќе речете: ,Благословен да биде Оној што доаѓа во името на Господ!‘
Селектирано:
Лука 13: MNT
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
Copyright © Dynamic Equivalence Translation of the New Testament in Macedonian 1999 by HBC Radosna Vest, Skopje, Macedonia. All rights reserved.

: