Лука 9
9
1Еден ден, Исус ги повика Своите дванаесет ученици и им даде моќ, овластувајќи ги да истеруваат демонски духови и да исцелуваат болести.
2Потоа ги испрати да проповедаат за Божјото царство и да исцелуваат болни,
3давајќи им ги следниве упатства: „Ништо не понесувајте на пат: ни стап, ни торба, ни леб, ни пари, ниту облека за пресоблекување!
4Кога ќе дојдете во некоја куќа каде што ќе ви укажат гостоприемство, останете таму сe додека не си заминете од тој крај.
5Онаму каде што нема да ве примат, напуштете го тој град и истресете го правот од своите нозе, како сведоштво против нив.“
6Учениците заминаа и обиколувајќи ги селата ја проповедаа Радосната вест и исцелуваа болни насекаде.
7Кога слушна за сето ова Ирод, гувернерот на областа Галилеја, се вознемири, зашто едни тврдеа дека Јован Крстител воскреснал од мртвите,
8други, пак, дека се појавил пророкот Илија, а трети дека воскреснал некој од старите пророци.
9Ирод говореше: „На Јован Крстител јас му ја отсеков главата; кој ли е човекот за кого слушам вакви необични работи!?“ И настојуваше да се види со Исуса.
10По извесно време, апостолите се вратија кај Исус и Му раскажаа за она што го беа направиле. Тогаш Тој ги поведе насамо, на едно тивко место, во околината на градот Бетцаида.
11Но кога луѓето разбраа каде е, се упатија кон Него. Тој ги прими и им говореше за Божјото царство и ги исцелуваше сите оние на кои им требаше оздравување.
12При квечерината, кај Исус дојдоа Неговите дванаесетмина ученици и Му рекоа: „Пушти ги луѓето да отидат до околните села и куќи и да си најдат преноќевалиште и храна, зашто местово е пусто.“
13Но Исус им рече: „Дајте им вие нешто да јадат.“ Тие Му одговорија: „Имаме само пет леба и две риби; освен ако сакаш да појдеме и да купиме храна за сите овие луѓе.“
14А имаше околу пет илјади мажи. Исус им рече на учениците: „Нека поседнат луѓето во групи од по педесет души.“
15Така и направија, ги испоседнаа сите луѓе.
16Исус ги зеде петте леба и двете риби, и со поглед кон небото ги благослови и ги раскрши. Потоа им подаде на учениците да им ги разделат на луѓето.
17Сите јадеа и се наситија, а собраа и дванаесет кошници остатоци.
18Еднаш, кога Исус се молеше на тивко место, со Него беа само Неговите ученици. Тогаш Тој ги праша: „За Кого Ме сметаат луѓето?“
19Тие Му одговорија: „Едни велат дека си Јован Крстител, други дека си пророкот Илија, а трети дека си еден од старите пророци кој воскреснал од мртвите.“
20„А за Кого Ме сметате вие?“ Петар одговори: „Ти Си Месијата испратен од Бог!“
21Тогаш Исус строго им заповеда да не го кажуваат ова никому.
22Им го рече уште и тоа, дека Тој, Синот Човечки, мора многу да страда, отфрлен од старешините, од високото свештенство и од вероучителите; дека ќе биде убиен и дека ќе воскресне на третиот ден.
23Потоа Исус им се обрати на сите: „Тој што сака да биде Мој следбеник, треба да се откаже од своите себични амбиции, секојдневно да го носи својот крст и да тргне по Моите стапки.
24Секој што сака да си го чува животот само за себе - ќе го загуби; а тој што ќе го загуби животот заради Мене - ќе го спаси.
25Дали е добивка за човекот ако го добие и целиот свет, а себеси се изгуби и упропасти?
26Ако некој се срами од Мене и Моето учење, и Јас, Синот Човечки, ќе се срамам од него кога ќе дојдам во Својата слава и во славата на небесниот Татко и на светите ангели.
27Ве уверувам дека меѓу вас што стоите овде, има некои што нема да умрат додека не Го видат Божјото царство.“
28По околу една седмица откако ги изговори овие зборови, Исус ги зеде со Себе Петар, Јаков и Јован и се искачи на планината, за да се моли.
29Додека се молеше, лицето Му се преобрази и облеката Му стана блескаво бела.
30Наеднаш, во Негова придружба се најдоа двајца мажи кои разговараа со Него. Тоа беа Мојсеј и пророкот Илија.
31Нивниот изглед беше величествен и тие разговараа со Исус за смртта што Го очекуваше во Ерусалим.
32Петар и неговите другари ги беше совладал сон, но кога се разбудија Го видоа Исуса во величествен изглед, како и двајцата што стоеја со Него.
33Додека Мојсеј и Илија се разделуваа од Исус, Петар проговори, во отсуство на присебност: „Господару! Колку ни е убаво овде! Ајде да направиме три колиби: една за Тебе, една за Мојсеј и една за Илија!“
34Додека го изговараше ова, надојде облак и ги покри. Кога се најдоа во облакот, учениците многу се исплашија,
35а од облакот се чу глас, кој рече: „Ова е Мојот Син, Избраникот Мој; Него слушајте Го!“
36Кога се чу гласот, Исус веќе беше останал Сам. Учениците молчеа за ова и во тоа време никому не му кажуваа за тоа што го беа виделе.
37Утредента додека Исус и тројцата Негови ученици слегуваа од планината ги пресретна многуброен народ.
38Еден човек извика од толпата: „Учителе! Те молам, погледни го мојот син, тој ми е единец!
39Го напаѓа зол дух, го тера да вреска, го фрла наваму-натаму и пена му избива на устата. Многу го измачува и долго не го пушта.
40Ги молев Твоите ученици да го истераат тој дух, но тие не можеа!“
41Исус одговори: „Ах, колку неверно и грешно поколение сте вие! До кога ќе морам да останам со вас и да ве поднесувам!?“ Потоа му рече на човекот: „Донеси го синот овде!“
42Додека момчето приоѓаше, демонскиот дух го кутна наземи и почна да го измачува. Исус со наредба го изгони демонскиот дух и го исцели момчето, па му го врати на таткото.
43Сите останаа вчудовидени пред Божјата моќна сила. И додека народот сe уште се восхитуваше од она што го правеше Исус, Тој им се обрати на Своите ученици и им рече:
44„Запомнете ги добро овие зборови: Синот Човечки ќе биде предаден во рацете на луѓето.“
45Но учениците не ги разбраа овие зборови. За нив ова остана таинствено, а не се осмелуваа да Го прашаат Исуса што значат тие зборови.
46Меѓу учениците на Исус се разви расправија за тоа, кој од нив е најголем?
47Исус, познавајќи ги нивните мисли, повика едно дете, го стави крај Себе,
48и им рече: „Тој што го прима ова дете во Мое име - Мене Ме прима; а кој Ме прима Мене, Го прима Оној што Ме испрати. Најголем меѓу сите вас е оној што е најпонизен!“
49Тогаш Јован Му рече на Исус: „Господару! Видовме еден човек, кој во Твое име изгонува демонски духови и му наредивме да престане, зашто тој не оди со нас.“
50Но Исус му одговори: „Немојте да му забранувате! Кој не е против вас, тој е со вас!“
51Кога наближи времето да биде вознесен на небото, Исус решително тргна кон Ерусалим.
52Испрати гласници пред Себе, кои отидоа во едно самариско село, за да Му приготват преноќевалиште,
53но тие не сакаа да Го примат, зашто Тој одеше за Ерусалим.
54Кога го слушнаа тоа учениците Јаков и Јован, рекоа: „Господе, сакаш ли да заповедаме да слезе оган од небото, па да ги уништи, како што направи Илија?“
55Но Исус се сврте кон нив и ги прекори.
56Потоа Исус и Неговите ученици отидоа во друго село.
57Додека патуваа, еден човек Му пристапи и рече: „Готов сум да Те следам насекаде!“
58А Исус му одговори: „Лисиците си имаат дувла, птиците гнезда, но Јас, Синот Човечки, немам Свое место за почивање.“
59А на еден друг човек, Исус му рече: „Дојди и биди Мој следбеник!“ Но човекот рече: „Господе, дозволи ми најпрво да одам да го погребам татко ми.“
60Исус му одговори: „Остави ги духовно мртвите да ги погребуваат своите мртовци. Ти тргни да проповедаш за Божјото царство!“
61И трет човек Му се обрати на Исус: „Ќе тргнам со Тебе, Господе, но дозволи ми најпрво да отидам и да се збогувам со моето семејство!“
62Исус му рече: „Божјото царство нема полза од човек кој ја става раката на ралото, а гледа назад!“
Селектирано:
Лука 9: MNT
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
Copyright © Dynamic Equivalence Translation of the New Testament in Macedonian 1999 by HBC Radosna Vest, Skopje, Macedonia. All rights reserved.

: