Марко 7
7
1Околу Исус се насобраа неколку фарисеи и вероучители, дојдени од Ерусалим.
2Тие забележаа дека Исусовите ученици не го практикуваат ритуалното миење на рацете пред јадење.
3Имено, фарисеите, па и сите Евреи, држејќи се до преданијата од своите предци, не седнуваат да јадат додека ритуално не си ги измијат рацете до лактите;
4кога се враќаат од пазар, не јадат додека ритуално не се измијат, а се држат и до многу други преданија, како што се ритуалното миење чаши, стомни и други садови.
5Затоа, фарисеите и вероучителите Го прашаа Исуса: „Зошто Твоите следбеници не постапуваат според преданијата од старите и седнуваат да јадат без ритуално да си ги измијат рацете?“
6Исус им одговори: „Лицемери! Убаво рекол за вас Бог, преку пророкот Исаија: ,Овој народ Ме почитува со устата, но срцето му е далеку од Мене!
7Се залажуваат дека Ме почитуваат, а всушност ги шират своите човечки обичаи како да се Мои заповеди!‘
8Вие ги оставивте Божјите заповеди, а ги чувате човечките преданија!
9Лукаво ги укинувате Божјите заповеди за да ги чувате своите преданија!
10Зар Мојсеј не ви заповеда да ги исполнувате обврските спрема своите родители, и со смрт да го казните оној што ќе ги проколне мајка си или татко си?
11А вие ги учите луѓето дека е доволно да го ветат својот имот на црквата, како подарок за Бог,
12со што ќе се ослободат од обврската да се грижат за своите родители!
13Значи, укинувате Божја заповед за да ги воведете своите преданија! И многу други вакви работи правите!“
14Тогаш Исус повторно го повика народот кај Себе и му рече: „Слушајте Ме внимателно и со расудување!
15Ниедна храна што ја јадете нема духовно да ве опогани, туку лошите зборови и постапки ве опогануваат!“
16(Кој има уши, нека слуша!)
17Кога Исус се раздели од народот, влезе во една куќа, а Неговите ученици Го прашаа за значењето на споредбата.
18А Тој им рече: „Зар и вие сe уште не разбирате? Зар не сфаќате дека храната што ја јадете духовно не ве опоганува,
19зашто таа не влегува во срцето, туку во стомакот, и оттаму се исфрла!?“ Со ова Исус го одобри секој вид храна.
20Потоа продолжи: „Човекот духовно се опоганува од она што излегува од него.
21Зашто, однатре, од човековото срце, излегуваат грешните мисли кои водат кон неморал, кражби, убиства,
22брачни неверства, алчност, лошотија, измами, завист, навреди, горделивост и безумија.
23Сите овие лоши работи излегуваат однатре и тие се што го опогануваат човекот.“
24Заминувајќи си оттаму, Исус отиде во пределот на градовите Тир и Сидон. Се смести во една куќа и се трудеше никој да не дознае за тоа, но не можеше да остане во тајност.
25Една жена, чија ќерка беше обземена од демонски дух, дозна каде е Исус. Веднаш дојде кај Него и падна на колена.
26Жената беше Гркинка, родум од областа Феникија, во Сирија. Таа Го замоли Исуса да ја ослободи нејзината ќерка од демонот.
27Но Исус и рече: „Дозволи најпрво Божјите избрани деца, Израелците, да се нахранат! Не е право да им се одземе лебот на децата и да им се даде на кучињата!“
28„Така е, Господине, но и кучињата под масата ги јадат трошките што им паѓаат на децата!“ – Му одговори таа.
29Тогаш Исус и рече: „За ваквиот одговор, оди си, ќерка ти веќе ја излекував од демонскиот дух!“
30Кога жената се врати дома, ќерка и лежеше в постела излекувана од демонскиот дух.
31Враќајќи се од месноста околу градот Тир, преку градот Сидон, Исус се упати назад кон Галилејското Езеро, во подрачјето на Декаполис.
32Му донесоа еден глувонем човек и луѓето Го молеа да го излекува со Својот допир.
33Исус го тргна човекот настрана и со Своите прсти му ги допре ушите. Потоа со плунка на прстите му го намачка јазикот.
34Со поглед кон небото и со длабока воздишка, Исус рече: „Хипатах!“ - што на арамејски јазик значи: „Отвори се!“
35Слухот на човекот веднаш му се отвори, а во исто време почна јасно и разбирливо да зборува.
36Исус им нареди никому да не кажуваат за ова. Но, колку повеќе им забрануваше, толку повеќе тие зборуваа за тоа.
37Сите беа исполнети со восхит и говореа: „Сe што прави Тој е добро! На глувите им дава слух, а на немите моќ на говор!“
Селектирано:
Марко 7: MNT
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
Copyright © Dynamic Equivalence Translation of the New Testament in Macedonian 1999 by HBC Radosna Vest, Skopje, Macedonia. All rights reserved.

: