2 Петар 2:18-19 - Спореди ги сите верзии
2 Петар 2:18-19 MK2006 (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
Зашто, говорејќи празни зборови, ги мамат на телесни похоти и нечистотија оние кои тукушто се оттргнале од тие што живеат во заблуда. Им ветуваат слобода кога тие самите се робови на развратот, зашто кога некој некого победува, тој и го поробува.
2 Петар 2:18-19 MNT (Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик)
Устите им се полни со празни фалби. Со своите незауздани телесни похоти, тие ги заведуваат луѓето кои одвај се оттргнале од живеење во заблуди. Им ветуваат слобода, а самите се робови на корупција, зашто човек му робува на она што не може да го заузда.
2 Петар 2:18-19 MKB (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
Зашто со тоа што зборуваат високозвучни и суетни зборови ги мамат преку телесните страсни желби и преку разузданост оние, кои што туку избегале од оние кои живеат во заблуда; им ветуваат слобода, а самите ѝ робуваат на расипаноста, зашто од што е некој победен, на тоа и му робува.