Лого на апликацијата „Библија“
Икона за пребарување

Дела 5:28-32 - Спореди ги сите верзии

Дела 5:28-32 MK2006 (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))

„Зарем не ви забранивме строго да не поучувате во тоа име? А вие пак го исполнивте Ерусалим со вашето учење и сакате крвта на Оној човек да ја фрлите на нас.“ А Петар и апостолите одговорија и рекоа: „Повеќе треба да Му се покоруваме на Бога отколку на луѓето. Бог на татковците наши Го воскресна Исус, Кого вие Го погубивте, при­ковувајќи Го на крст. Бог со десницата Своја Го возвиси Него, Зачетникот и Спасителот, за да му даде покајание и простување на гревовите на Израел. За тие зборови сведоци Негови сме ние и Светиот Дух, Кого Бог им Го даде на оние што Му се покоруваат.“

Сподели
Дела 5 MK2006

Дела 5:28-32 MNT (Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик)

„Јас најстрого ви забранив да зборувате за Исус, а вие го исполнивте Ерусалим со вашето учење и сте решиле врз нас да ја префрлите вината за смртта на Тој Човек!“ Петар и другите апостоли му одговорија: „Треба да Му се покоруваме првенствено на Бог, а потоа и на луѓето што ни се претпоставени. Вие Го убивте Исуса, Го распнавте на крст, но Богот на нашите татковци Го воскресна, Го воздигна како наш Водач и Спасител, па Го постави на почесното место - од Својата десна страна, за да им даде можност на Израелците да се покаат и Бог да им ги прости гревовите. За овие настани сведоци сме ние и Светиот Дух, Кого Бог им Го даде на оние што Му се послушни.“

Сподели
Дела 5 MNT

Дела 5:28-32 MKB (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)

“Зар не ви забранивме строго да не поучувате во тоа име? А еве, вие го наполнивте Ерусалим со својата наука и сакате да ја фрлите крвта на Тој Човек на нас.“ А Петар и апостолите во одговор рекоа: „Треба да Го слушаме Бога повеќе, отколку луѓето. Бог на нашите татковци Го воскресна Исуса, Кого вие Го обесивте на дрво и Го убивте. Бог, со Својата десница, Го возвиси Него за Началник и Спасител, за да му даде покајание на Израел и проштавање на гревовите. Ние сме сведоци за тоа и Светиот Дух, Кого Бог им Го даде на оние, кои Му се покоруваат.“

Сподели
Дела 5 MKB