Лука 14:28-30
Лука 14:28-30 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Кога некој од вас сака да изгради кула, не седнува ли прво да пресмета дали ќе има доволно пари да ја заврши градбата? Во спротивно, може да започне со темелите и да заклучи дека не може да продолжи, па сите што ќе видат ќе му се подбиваат, велејќи: ,Овој човек почнал да ѕида нешто што не може да го доврши!‘
Лука 14:28-30 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Зашто, кој од вас, кој сака да соѕида кула, нема да седне најнапред за да направи сметка колку ќе чини и дали има сѐ што е потребно за нејзиното довршување? Во спротивно, ако веќе ги поставил темелите, а не може да ја доврши, сите што гледаат, ќе почнат да му се смеат, и да зборуваат: ‚Овој човек почна да ѕида и не може да доврши.‘
Лука 14:28-30 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Зашто, кој од вас, кога сака да изгради кула, не ќе седне прво да ги пресмета трошоците, дали има со што да ја доврши? И, кога ќе ја постави основата, а не може да доврши, сите - кои гледаат - да почнат да му се потсмеваат, велејќи: ’Овој човек почна да гради, а не можеше да доврши!’