Матеј 16:5-12 - Спореди ги сите верзии
Матеј 16:5-12 MK2006 (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
И преоѓајќи на спротивната страна, учениците Негови заборавија да земат леб. Исус им рече: „Внимавајте и чувајте се од квасецот фарисејски и садукејски!“ А тие помислија во себе и си рекоа: „Тоа е што не зедовме леб!“ Но Исус ги разбра и им рече: „Маловерни, зошто мислите во себе дека не сте зеле леб? Уште ли не разбирате и не помните за петте леба на пет илјади души, и колку кошеви собравте? Ниту за седумте леба на четири илјади души, и колку кошници собравте? Како не разбирате дека не ви зборував за леб: ‚Чувајте се од квасот фарисејски и садукејски!‘“ Тогаш разбраа дека Тој им беше рекол да се пазат не од лебниот квас, туку од учењето фарисејско и садукејско.
Матеј 16:5-12 MNT (Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик)
Подоцна, кога учениците на Исус се упатија кон спротивниот брег на езерото, беа заборавиле да понесат леб. А токму тогаш Исус им говореше: „Чувајте се од квасецот на фарисеите и садукеите!“ Учениците почнаа да си шепотат меѓу себе: „Ова го зборува затоа што заборавивме да понесеме леб!“ Исус, пак, знаејќи за што шепотат, им рече: „Зошто разговарате за лебот што сте го заборавиле? Колку малку вера имате! Зар уште не разбирате? Заборавивте ли веќе колку кошници ви преостанаа, кога со пет леба нахранив повеќе од пет илјади души? И колку кошници собравте од седумте леба со кои нахранив четири илјади души? Како не сфаќате дека не зборував за леб, кога ви реков: ,Чувајте се од квасецот на фарисеите и садукеите‘!?“ Дури тогаш сфатија дека не им вели да се чуваат од квасец за леб, туку од она што го проповедаат фарисеите и садукеите.
Матеј 16:5-12 MKB (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
И Неговите ученици преминаа на другата страна и заборавија да земат леб. Исус им рече: „Внимавајте и чувајте се од фарисејскиот и садукеј-скиот квас!“ И тие расправаа помеѓу себе, велејќи: „Тоа е што не зедовме леб.“ А Исус знаејќи го тоа им рече: „Маловерни, зошто расправате помеѓу себе, дека не зедовте леб? Уште ли не разбирате и не помните за петте лебови на пет илјади и колку кошеви подигнавте? Ни за седумте лебо-ви на четири илјади и колку кошеви подигнавте? Како не разбирате, дека не заради леб ви реков да се чувате од фарисејскиот и садукејскиот квас?“ Тогаш разбраа дека не им рече да се чуваат од лебниот квас, туку од учењето фарисејско и садукејско.