Марко 13:35-37
Марко 13:35-37 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Значи, бидете будни, зашто не знаете во кој час ќе се врати господарот на куќата! Тој може да се врати навечер или на полноќ или во раните мугри кога петлите пеат! Да не ве изненади и затекне на спиење! Тоа што ви го велам вам, им го кажувам на сите: Бидете духовно будни!“
Марко 13:35-37 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Бидете будни, зашто не знаете кога ќе дојде домаќинот на куќата, приквечер ли, или на полноќ, или петлите кога ќе пропеат, или наутро, па да не дојде ненадејно и да ве затече како спиете. Што ви зборувам вам, им го зборувам на сите: Бидете будни!“
Марко 13:35-37 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
И така: бидете будни, зашто не знаете кога ќе дојде господарот на куќата: навечер ли, или на полноќ, или кога петлите ќе пропеат, или наутро, за да не дојде одненадеж и да ве најде заспани. А што ви зборувам вам, на сите им зборувам: бдејте!“