Марко 8:37-38
Марко 8:37-38 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Има ли нешто повредно од твојата душа? Нема причина да се срамите од Мене и од Моето учење пред овој неверен и грешен свет, зашто инаку и Јас, Синот Човечки, ќе се засрамам од вас кога ќе се вратам во сета слава на Мојот небесен Татко, во придружба на светите ангели!“
Сподели
Прочитај Марко 8Марко 8:37-38 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Или каков откуп ќе даде човек за својата душа? Зашто, кој се срами од Мене и од зборовите Мои во овој прељубодеен и грешен род, и Синот Човечки ќе се срами од него, кога ќе дојде во славата на Својот Отец со светите ангели.“
Сподели
Прочитај Марко 8Марко 8:37-38 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Зашто, што може човекот да даде во замена за својата душа? Зашто, кој се срами од Мене и од Моите зборови во овој прељубодеен и грешен род, и Човечкиот Син ќе се срами од него, кога ќе дојде во славата на Својот Татко, со светите ангели.“
Сподели
Прочитај Марко 8