Лого на апликацијата „Библија“
Икона за пребарување

Изреки 1:1-6 - Спореди ги сите верзии

Изреки 1:1-6 MK2006 (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))

Изреки на Соломон, син Давидов, цар израелски, за да се познае мудроста и поуката, за да се разберат изреките на разумот; за да се усвојат правилата на бла­горазумието, правосудието, судот и правината; да им се даде на простите разумност, на младите – знаење и расудување. Ако мудриот слуша, ќе ги умножи знаењата свои, и разумниот ќе најде мудри совети, за да разбира мудра изрека и длабок збор, зборовите на мудреците и нивните гатанки.

Сподели
Изреки 1 MK2006

Изреки 1:1-6 MKB (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)

Мудри пословици на Соломон, Давидовиот син, израелскиот цар: За да се сознае мудроста и поуката, за да се сфатат благоразумните зборови; за да се прими умна поука, правда, правосудство и правичност; за да им се даде памет на неискусните; знаење и умеење на младиот човек; кога мудриот чуе, да биде уште помудар, а разумниот да стекне помудри мисли; за да ги разбере пословиците и приказните, зборовите на мудреците и нивните загатки.

Сподели
Изреки 1 MKB