Лого на апликацијата „Библија“
Икона за пребарување

Псалми 104:13-15 - Спореди ги сите верзии

Псалми 104:13-15 MK2006 (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))

Ти ги напојуваш горите од своите височини, од плодовите на Твоите дела се наситува Земјата. Ти правиш да расте трева за доби­токот и растенија за потреба на луѓето, за да произведат храна од земјата и вино што го весели срцето на чо­векот, и маслото од кое блеска лицето негово, и лебот што го закрепнува срцето на човекот.

Псалми 104:13-15 MKB (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)

Ти ги натопуваш планините од Твоите дворци, земјата се наситува од плодовите на Твоите раце. Ти правиш да никне трева за добитокот, и зеленчук за потребите на човекот, за да вади леб од земјата. И вино, што го развеселува човечкото срце; да го освежи лицето со масло, и лебот да го зајакне човековото срце.

Сподели
Псалми 104 MKB