Лого на апликацијата „Библија“
Икона за пребарување

Римјаните 2:12-13 - Спореди ги сите верзии

Римјаните 2:12-13 MK2006 (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))

Оние што згрешиле без Закон, без Закон ќе загинат; а оние што згрешиле под Закон, според Законот ќе бидат и судени, бидејќи пред Бога не се праведни оние што го слушаат Законот, туку ќе се сметаат за праведни само оние што постапуваат според Законот.

Римјаните 2:12-13 MNT (Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик)

Кога грешат неевреите, Бог ќе ги казни, без оглед на тоа што ним не им бил даден Божјиот Закон во пишана форма. Кога грешат Евреите, Бог и нив ќе ги казни, бидејќи тие го знаат Божјиот Закон и ќе бидат судени според него. Зашто не се станува праведник пред Бог само со познавање на Законот, туку со придржување кон него.

Римјаните 2:12-13 MKB (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)

Зашто, кои згрешиле без Закон, без Закон и ќе загинат; а сите кои згрешиле под Закон, според Законот ќе бидат осудени. Бидејќи, пред Бога не се праведни оние, кои само го слушаат Законот, а ќе бидат оправдани оние, кои се извршители на Законот.