Лука 22
22
1Се приближуваше празникот на бесквасни лебови, познат како Пасха.
2Свештеничките поглавари и вероучителите настојуваа да најдат начин да Го убијат Исуса, но се плашеа од бунт меѓу народот.
3Тогаш Сатаната влезе во Јуда наречен Искариот, кој беше еден од дванаесеттемина Исусови ученици.
4Тој отиде кај свештеничките поглавари и кај управителите на храмот да се договори како да им Го предаде Исуса.
5Тие се израдуваа и му ветија дека ќе му платат за тоа.
6Јуда се согласи и почна да бара погоден момент да им го предаде кога нема да има народ наоколу.
7Дојде денот на празникот Бесквасни лебови, кога за пасхалната вечера се колеа јагниња.
8Исус ги испрати Петар и Јован со следниве упатства: „Одете и подгответе ја за нас пасхалната вечера.“
9А тие Го прашаа, каде сака да ја подготват вечерата?
10Тој им одговори: „Кога ќе влезете во Ерусалим, ќе сретнете еден човек како носи стомна со вода. Следете го до куќата во која тој ќе влезе,
11и кажете му на сопственикот на куќата: ,Учителот прашува каде е собата во која Тој со Своите ученици ќе ја прослави пасхалната вечера?‘
12Тој ќе ви покаже веќе наместена голема соба, на горниот кат; тука подгответе ја вечерата.“
13Тие отидоа и навистина најдоа сe како што им беше рекол Исус и ја приготвија пасхалната вечера.
14Кога дојде времето, Исус седна на трпезата со Своите апостоли,
15и им рече: “Имав голема желба да ја јадам со вас оваа празнична вечера, пред да почнат Моите страдања;
16зашто, еве, ви кажувам, дека повеќе нема да ја прославувам пасхалната вечера, сe додека во целост не се исполни нејзиното значење во Божјото царство!“
17Потоа Исус ја крена чашата, Му заблагодари на Бог и им рече на Своите апостоли: „Земете го ова вино и поделете го меѓу себе.
18А, еве, ви кажувам дека по ова Јас повеќе нема да пијам вино сe додека не се воспостави Божјото царство.“
19Потоа Исус зеде леб, Му заблагодари на Бог, го раскрши на парчиња и им го раздели, велејќи им: „Ова го претставува Моето тело, кое се дава за вас. Правете го ова како спомен на Мене.“
20Исто така, по вечерата им ја подаде чашата и им рече: „Оваа чаша со вино го претставува Божјиот нов завет, што ќе биде заверен со Мојата крв, која се пролева за вас.
21Но еве ја веќе раката на Мојот предавник, кој вечерва седи со Мене на трпезава!
22Да, Јас, Синот Човечки, ќе умрам како што Ми е определено, но тешко на оној што Ме предава!“
23Тогаш апостолите почнаа меѓу себе да се прашуваат, кој може меѓу нив да биде тој што ќе Го предаде?
24Меѓу учениците на Исус настана расправија околу тоа кој од нив ќе биде на највисока позиција.
25А Исус им рече: „Царевите на другите народи владеат над своите народи и сакаат да бидат нарекувани ,Народни добротвори.‘
26Но меѓу вас не смее да биде така! Напротив, најголемиот меѓу вас треба да се потчини како да е најмлад; водачот треба да ви служи.
27Кој е поголем: оној што седи или оној што послужува? Зар не е оној што седи? А еве, Јас Сум меѓу вас како слуга.
28Вие останавте со Мене во текот на сите Мои искушенија.
29И, еве, Јас ви давам царска чест, како што и небесниот Татко ми ја даде Мене.
30Вие ќе јадете и ќе пиете на Мојата трпеза, во Царството Мое, ќе седите на престоли и ќе им судите на дванаесетте израелски племиња.“
31Исус продолжи: „Симоне, Симоне! Еве, Сатаната побара дозвола да ве искуша сите. Тој ќе се обиде да ве просее, како што земјоделецот ја просејува пченицата.
32А Јас се молев за тебе, Симоне, да не потклекнеш во твојата вера. Така и ти, кога повторно ќе се вратиш кај Мене, поткрепувај ги своите пријатели христијани!“
33Петар одговори: „Господе! Јас сум готов да одам со Тебе и во затвор и во смрт!“
34Но Исус му рече: „Еве, ти кажувам, Петре, пред да запеат петлите в зори, ти трипати ќе одрекуваш дека воопшто Ме познаваш!“
35Потоа Исус ги праша Своите ученици: „Кога ве испратив на претходната мисија без ќесиња, без торби и чевли, дали бевте во скудност за нешто?“ Тие Му одговорија: „Не, за ништо!“
36Но овојпат ви велам: „Кој има ќесе или торба, нека ги земе со себе; и кој нема меч, нека си го продаде палтото и нека си купи меч.
37Зашто, еве, ви кажувам дека за Мене мора да се исполни она што е претскажано во Светото Писмо: “Тој ќе биде осуден како да е злосторник!“ Тоа ќе се оствари за Мене сега.
38Учениците Му рекоа: „Господе, имаме два ножа!“ А Тој им рече: „Доволно зборувавме за тоа!“
39Потоа Исус си замина од горната соба и отиде, како и обично, на Маслиновата Гора. Со Него појдоа и Неговите ученици.
40Кога стигна на тоа место, им рече: „Молете се да не потклекнете пред искушението!“
41А Тој се одвои од нив, на растојание колку што може да се фрли камен со рака и клекна да се моли:
42„Небесен Татко! Ако сакаш, Те молам поштеди Ме од оваа страдалничка чаша! Сепак, нека се исполни Твојата волја, а не Мојата желба.“
43Тогаш Му дојде ангел од небото и Го бодреше.
44Кога Го обзеде стравотна внатрешна борба, Тој уште поревносно се молеше, така што пот му капеше по земјата како капки од крв.
45Станувајќи од молитва, Тој се врати кај Своите ученици и ги затекна заспани, премалени од големата тага.
46Па им рече: „Зошто спиете!? Станете и молете се за да не потклекнете пред искушението!“
47Уште додека Исус зборуваше, пристигна толпа народ, предводена од Јуда, кој беше еден од дванаесеттемина Исусови ученици. Јуда Му се приближи на Исус, за да Го бакне, во знак на поздрав.
48А Исус му рече: „Јуда! Зар со бакнеж Го предаваш Синот Човечки!?“
49Кога учениците на Исус сфатија што се случува, повикаа: „Господе! Да се браниме со ножеви!“
50И еден од нив замавна кон слугата на Првосвештеникот и му го отсече увото.
51Но Исус им рече: „Престанете!“ Потоа со допир му го исцели увото на човекот.
52Потоа Исус им се обрати на свештеничките поглавари, на управителите на храмот и на старешините кои заедно беа дојдени да Го фатат: „Зар требаше да дојдете по Мене со ножеви и со стапови, како да Сум разбојник!?
53Со вас бев секојдневно во храмот, зошто таму не Ме уапсивте? Но ова е вашиот миг и времето на мрачните сили.“
54Тие Го уапсија Исуса и Го одведоа во куќата на Првосвештеникот. А Петар Го следеше оддалеку.
55На средината на дворот запалија оган и поседнаа наоколу. Им се придружи и Петар.
56Една од слугинките го забележа крај огнот, се загледа во него и рече: „И овој човек беше следбеник на Исус!“
57Но Петар почна да одречува: „Жено! Јас не Го ни познавам!“
58По извесно време, еден друг човек го забележа, па и тој рече: „И ти си еден од нив!“ Но Петар му одговори: „Не сум, човеку!“
59Измина уште приближно еден час, кога некој пак тврдеше, велејќи: „Несомнено, и овој беше со Исус, а и Галилеец е!“
60Но Петар и овојпат одговори: „Не знам што зборуваш, човеку!“ Во истиот миг, додека Петар уште зборуваше, запеа петел.
61Свртувајќи се, Господ Исус погледна во Петар. Тогаш Петар се сети на Господовите зборови, што порано му ги беше кажал: ,Пред да запеат петлите в зори, ти трипати ќе одречеш дека Ме познаваш!‘
62Тогаш Петар излезе оттаму и горко заплака.
63Чуварите што го држеа Исуса, Му се подбиваа и Го удираа.
64Му ги врзаа очите и Му говореа: „Погоди кој Те удри!“
65Му упатуваа и многу други навредливи зборови.
66Кога се раздени, се состанаа народните старешини, свештеничките поглавари и вероучителите и Го изведоа Исуса пред еврејскиот Врховен совет.
67Тогаш Го прашаа: „Кажи ни, Ти ли си Месијата?“ Исус им одговори: „И да ви кажам, нема да Ми верувате!
68И кога би ве прашал нешто, вие нема да Ми одговорите.
69Но отсега Јас, Синот Човечки, ќе седам оддесно на Семоќниот Бог.“
70А тие во еден глас Му рекоа: „Тогаш, значи, Ти тврдиш дека си Божјиот Син, зар не?“ Тој им одговори: „Да! Вие самите рековте дека Јас сум Тој“.
71Тогаш, тие рекоа: „Зар ни треба поголем доказ од овој!? Самите чувме што рече!“
सध्या निवडलेले:
Лука 22: MNT
ठळक
सामायिक करा
कॉपी करा
तुमचे हायलाइट तुमच्या सर्व डिव्हाइसेसवर सेव्ह करायचे आहेत? साइन अप किंवा साइन इन
Copyright © Dynamic Equivalence Translation of the New Testament in Macedonian 1999 by HBC Radosna Vest, Skopje, Macedonia. All rights reserved.

: