Матеј 16

16
Фарисеите бараат знак
(Мк 8,11-13; Лк 12,54-56)
1 # 12,38; 22,15.35 Тогаш пристапија фарисеите и садукеите и, ис­ку­шувајќи Го, побараа да им покаже знак од небото. 2Тој, одговарајќи им, рече: „Навечер велите: ’ќе биде ведро, зашто небото е црвено‘; 3а наутро: ’денес ќе има невреме, зашто небото е црвено и тмурно.‘ Лице­мери, из­гледот на небото умеете да го распознавате, а знаците на времињата не мо­жете?! 4#12,39 Лукаво и прељуботворно поколение бара знак, но знак нема да му се даде освен знакот на пророкот Јона.“ Па ги остави и си замина.
За квасот на фарисеите
(Мк 8,14-21; Лк 12,1-6)
5И, преминувајќи на спротивната страна, Неговите ученици беа заборавиле да земат леб. 6#Лк 12,1; 1 Кор 5,6-8; Гал 5,9Исус им рече: „Внимавајте и чувајте се од квасот на фарисеите и садукеите!“ 7А тие, разговарајќи меѓу себе, си велеа: „Тоа е зашто не зедовме леб!“ 8#6,30-31; Мк 4,13Но Исус ги разбра и им рече: „Мало­верни, зошто си велите меѓу себе дека не сте зеле леб? 9#14,13-21; 15,38Уште ли не разбирате и не помните за петте леба на пет илјади души и колку кошеви собравте? 10#Мк 8,1-9Ниту за седумте леба на четири ил­јади души и колку кошници собравте? 11#16,6Како не разбирате дека не поради лебот реков: ’Чувајте се од квасот на фарисеите и садукеите!‘“ 12Тогаш разбраа дека Тој им беше ре­кол да се пазат не од лебниот квас, туку од учењето на фарисеите и садукеите.
Сведоштвото на Петар
(Мк 8,27-30; Лк 9,18-21)
13 # 8,20 А кога Исус дојде во областа на Кесарија Филипова, ги праша Своите ученици и рече: „Што велат луѓето за Мене, Синот Човечки?“ 14#5 Мојс 18,15; Мк 6,14-15; Лк 7,16.39; 9,7-8; 24,19; Јн 4,19Тие одговорија: „Едни дека си Јован Крстител, други, пак, Илија, а некои Еремија или еден од пророците.“ 15А Тој им рече: „А вие што велите, Кој сум Јас?“ 16#4,3; 14,33; Јн 6,69Симон Петар одговори: „Ти си Христос, Синот на живиот Бог.“ 17#Рим 7,5; Гал 1,16 Тогаш Исус, одговорајќи, рече: „Блажен си ти, Симоне, сине Јонин, зашто тело и крв не ти го открија тоа, туку Мојот Отец, Кој е на небесата. 18#Јн 1,42; 1 Птр 1,1; 3,19А Јас тебе ти велам: ти си Петар и на тој камен#16,18 Игра на зборови, зашто и Петар значи камен. Сепак, личното име е Петрос, а втората именка е петра. ќе ја изградам Својата Црква, и портите на адот нема да ја надвладеат. 19#Ис 22,22И ќе ти ги дадам клучевите од царството небесно, и што ќе сврзеш на земјата, ќе биде сврзано на небесата; а што ќе разврзеш на земјата, ќе биде разврзано и на небесата.“ 20#8,4Тогаш Исус им заповеда на Своите ученици да не кажуваат никому дека Тој е Исус Христос.
Исус ги навестува Својата смрт и Своето воскресение
(Мк 8,31-33; Лк 9,22)
21 # 17,12.22-23; 20,17-19; 27,63; Лк 13,32-33; Дела 10,40; 1 Кор 15,3-4 Оттогаш Исус почна да им открива на Своите ученици дека Тој треба да отиде во Ерусалим и многу да пострада од старешините, првосвеш­те­ни­ците и книжниците и да биде убиен, и на третиот ден да воскресне. 22А Петар Го повлече настрана и почна да Го одвраќа, велејќи: „Не дај Боже, Господи; тоа нема да Ти се случи!“ 23#4,10Но Тој се заврте и му рече на Петар: „Бегај од Мене, сатано! Ти си Ми соблазна, зашто не мислиш за она што е Божјо, туку за она што е човечко!“
Патот на Исусовите следбеници
(Мк 8,34–9,1; Лк 9,23-27)
24 # 4,19; 10,38; Лк 14,27 Тогаш Исус им рече на Своите ученици: „Ако некој сака да врви по Мене, нека се одрече од себе, нека го земе својот крст и нека врви по Мене. 25#10,39; Лк 17,33; Јн 12,25-26Зашто, кој сака да го спаси својот живот, ќе го загуби; а кој ќе го загуби својот живот заради Мене, ќе го најде: 26зашто каква полза ќе има човек ако го придобие целиот свет, а на својата душа ѝ напакости? Или каков откуп ќе даде човек за својата душа? 27#8,20; Пс 61,12; Изреки 24,12; Сир 35,22; Рим 2,6; 2 Сол 1,7Зашто Синот Човечки ќе дојде во славата на Својот Отец, со Своите ангели, и тогаш ќе му даде секому според неговите дела. 28#10,23; 24,30.34; 26,64Вистина ви велам: тука стојат некои што нема да вкусат смрт додека не Го видат Синот Човечки како доаѓа во Своето царство.“

Marker

Del

Kopier

None

Vil du ha høydepunktene lagret på alle enhetene dine? Registrer deg eller logg på