Битие 3
3
Првиот грев, проклетство и првото ветување.
1Но змијата беше полукава од сите ѕверови полски, што ги создаде Господ Бог; па ѝ рече на жената: »Вистина ли е дека Бог рекол да не јадете од ниедно дрво во рајот?«
2А жената ѝ рече на змијата: »Ние јадеме род од секое дрво во рајот;
3– само од родот на она дрво среде рајот, – рече Бог, – не јадете и не се допирајте до него, за да не умрете!«
4Тогаш змијата ѝ рече на жената: »Не, вие нема да умрете!
5Бог знае оти оној ден кога ќе вкусите од него, ќе ви се отворат очите, па ќе станете како богови и ќе знаете што е добро, а што зло.«
6И жената, гледајќи дека родот на дрвото е добар за јадење, и убав за гледање, и дека дрвото е пожелно поради знаењето, набра род од него и јаде, па му даде и на мажот свој, та и тој вкуси.
7Тогаш им се отворија очите на обајцата, и увидоа дека се голи; па исплетоа лисја од смокви и си направија опашала.
8И го чуја гласот на Господа Бога, кога Он одеше низ рајот во приквечерината; и се сокрија Адам и жена му.
9Но Господ Бог го повика Адама и му реча: »Адаме, каде си?«
10А тој одговори: »Го чув гласот Твој во рајот кога врвеше, па се уплашив, оти сум гол, и се сокрив.«
11И Господ рече: »Кој ти кажа дека си гол? Да не си јал од она дрво, од кое ти забранив да јадеш?«
12Адам, пак, рече: »Жената, која ми ја даде Ти, таа ми даде од дрвото, и јас јадев.«
13Тогаш Господ Бог ѝ рече на жената: »Зошто го направи тоа?« Жената одговори: »Змијата ме измами, и јас јадев.«
14На змијата, пак, ѝ рече Господ Бог: »Затоа што си го направила тоа, проклета да си меѓу сите животни и сите ѕверови полски; помешечки ќе се влечеш и прав ќе јадеш сѐ до крајот на својот живот!
15И ставам непријателство меѓу тебе и жената и меѓу родот твој и породот нејзин. Он ќе ти ја гази главата, а ти ќе го каснуваш во петата.«
16А на жената ѝ рече: »Ќе ти ги умножам и преумножам маките кога си бремена; со болки ќе раѓаш деца, и ќе бидеш под власта на мажот свој, и тој ќе ти биде господар!«
17Па потоа му рече на Адама: »Бидејќи ја послуша жената и вкуси од дрвото, од кое ти забранив и реков: – не јади од него – затоа земјата нека биде проклета поради тебе; со мака ќе се храниш од неа сѐ до крајот на својот живот;
18трње и троскот ќе ти раѓа; и ти ќе јадеш трева полска.
19Со пот од лицето свое ќе јадеш леб, сѐ дури не се вратиш во земјата, од која си земен; зашто си земја, и во земја ќе се вратиш!«
20И ја нарече Адам жената своја Ева, бидејќи таа стана мајка на сите живи.
21А Господ Бог им направи на Адама и на жената негова облеки од кожа, и ги облече во нив.
22И рече Господ Бог: »Ете, Адам стана како еден од Нас, знаејќи што е добро и што е зло; но сега да не ја испружи раката своја и да земе од дрвото на животот, и да вкуси, па да заживее вечно!«
23Тогаш Господ Бог го изгони од градината Едем, за да ја обработува земјата, од која беше земен.
24Откако, пак, го изгони Адама, постави на исток пред градината Едем херувим и огнено оружје, кое се вртеше и натаму и наваму, за да го пазат патот кон дрвото на животот.
Nu markerat:
Битие 3: MK1990
Märk
Dela
Kopiera
Vill du ha dina höjdpunkter sparade på alla dina enheter? Registrera dig eller logga in
© Библиско Здружение на Р. Македонија 1990, 2016
© Bible Society of the Republic of Macedonia 1990, 2016

: