1
Римјаните 8:28
Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги)
А знаеме дека на оние што Го љубат Бога и се повикани по Негова волја, сѐ им содејствува за добро
Compare
Explore Римјаните 8:28
2
Римјаните 8:38-39
Зашто сигурно знам дека ни смртта, ни животот, ни ангелите, ни властите, ни сегашноста, ни иднината, ни височината, ни длабочината, ниту, пак, кое било друго создание нема да може да нѐ оддели од љубовта Божја во Христос Исус, нашиот Господ.
Explore Римјаните 8:38-39
3
Римјаните 8:26
Исто така и Духот нѐ поткрепува во нашата немоќ; бидејќи ние не знаеме како треба да се молиме. Па сепак, Духот Сам посредува за нас со неискажливо воздивнување.
Explore Римјаните 8:26
4
Римјаните 8:31
Што да речеме, пак, на ова? Ако е Бог со нас, кој ќе е против нас?
Explore Римјаните 8:31
5
Римјаните 8:1
И сега нема никакво осудување за оние кои се во Исус Христос.
Explore Римјаните 8:1
6
Римјаните 8:6
Копнежот на телото е смрт, а копнежот на духот – живот и мир.
Explore Римјаните 8:6
7
Римјаните 8:37
Но во сето тоа стануваме повеќе од победници преку Оној Кој нѐ возљуби.
Explore Римјаните 8:37
8
Римјаните 8:18
Зашто мислам дека страдањата на сегашното време не се ништо спрема славата која треба да се открие кон нас.
Explore Римјаните 8:18
9
Римјаните 8:35
Кој ќе нѐ одвои од љубовта кон Христос? Дали неволјата? Или маката? Или прогонот? Или гладот? Или голотијата? Или погибелта? Или мечот?
Explore Римјаните 8:35
10
Римјаните 8:27
А Оној Кој ги истражувал срцата, знае каква е мислата на Духот, бидејќи Тој по волјата на Бога посредува за светиите.
Explore Римјаните 8:27
11
Римјаните 8:14
Сите оние што се управуваат по Духот Божји, се синови Божји
Explore Римјаните 8:14
12
Римјаните 8:5
Зашто оние кои живеат по тело, копнеат за телесното, а кои живеат по Дух – за духовното.
Explore Римјаните 8:5
13
Римјаните 8:32
Оној, Кој не Го поштеди ни Својот сопствен Син, туку Го предаде за нас сите, зарем нема да ни подари со Него сѐ?
Explore Римјаните 8:32
14
Римјаните 8:16-17
Самиот Дух му сведочи на нашиот дух дека ние сме чеда Божји. А ако сме, пак, чеда, ние сме и наследници: наследници на Бога и сонаследници Христови, но само ако со Него страдаме, та со Него и да се прославиме.
Explore Римјаните 8:16-17
15
Римјаните 8:7
Зашто копнежот на телото е непријателство против Бога, тој не му се подредува на законот Божји затоа што не може.
Explore Римјаните 8:7
16
Римјаните 8:19
И секое создание со нетрпение го очекува откривањето на синовите Божји
Explore Римјаните 8:19
17
Римјаните 8:22
Зашто знаеме дека целото создание заедно со нас стенка како во породилни болки.
Explore Римјаните 8:22
Home
Bible
Plans
Videos