YouVersion Logo
Search Icon

Римјаните 8

8
Ослободување преку Светиот Дух
1И сега нема никакво осудување за оние кои се во Исус Христос#8,1 Во некои ракописи на ова место е додадено: „и живеат не по телото, а по Духот.“. 2#6,14.18; 2 Кор 3,17Зашто законот на Духот, кој дава живот во Христос Исус, ме ослободи од законот на гревот и на смртта. 3#Дела 13,38-39; 15,10; 2 Кор 5,21; Гал 3,13; Фил 2,7; Евр 2,17; 7,18Она, што законот не можеше да го направи, бидејќи беше ослабен поради телото, го изврши Бог, испраќајќи Го Синот Свој во тело, подобно на телото на гревот, и како жртва за гревот, Тој го осуди гревот во телото, 4#3,31; Гал 5,16.25за да се исполни заповедта на За­ко­нот во нас, кои живееме не по телото, туку по Духот. 5Зашто оние кои живеат по тело, копнеат за телесното, а кои живеат по Дух – за духовното. 6#6,21-22; 7,5; 8,13; Гал 6,8Копнежот на телото е смрт, а коп­не­жот на духот – живот и мир. 7#Јк 4,4Зашто копнежот на телото е не­при­ја­телство против Бога, тој не му се под­редува на законот Божји затоа што не може. 8#1 Јн 2,15-16А оние, кои живеат по телото, не можат да Му се допаднат на Бога. 9#1 Кор 3,16; 2 Тим 1,14Вие живеете не по тело, туку по Дух, само тогаш ако Духот Божји жи­вее во вас. Ако, пак, некој нема Дух Христов, тој не е Негов. 10#Гал 2,20Ако, пак, Христос е во вас, телото е мртво за грев, а духот живее поради праведноста. 11#1 Кор 6,14; 2 Кор 4,14Но ако Духот на Оној Кој Го вос­кресна Исус од мртвите живее во вас, то­гаш Оној Кој Го воскресна Христос од мртвите, ќе ги оживотвори и вашите смртни тела преку Својот Дух, Кој жи­вее во вас. 12И затоа, браќа, ние не сме му дол­жници на телото за да живееме по телото; 13#Гал 6,8бидејќи, ако живеете по телото, ќе умрете; но, ако преку Духот ги умртвувате делата на телото, ќе бидете живи. 14#Гал 5,18Сите оние што се управуваат по Ду­хот Божји, се синови Божји; 15#Мк 14,36; Гал 4,5-7; 2 Тим 1,7зашто вие не примивте дух на ропство, за да бидете во страв, туку Го при­мивте Духот на посинувањето, преку Кого велиме: „Ава, Оче!“ 16Самиот Дух му сведочи на нашиот дух дека ние сме чеда Божји. 17#Лк 24,26; Гал 4,7; 2 Тим 2,12; 1 Птр 4,13; Откр 21,7А ако сме, пак, чеда, ние сме и нас­ледници: наследници на Бога и со­на­следници Христови, но само ако со Не­го страдаме, та со Него и да се прославиме.
Славата што треба да дојде
18 # 2 Кор 4,17 Зашто мислам дека страдањата на сегашното време не се ништо спрема славата која треба да се открие кон нас. 19#1 Птр 1,7.13; 1 Јн 3,2И секое создание со нетрпение го очекува откривањето на синовите Бож­ји, 20#Проп 1,2зашто и созданието не ѝ се покори на суетата доброволно, туку по волјата на Оној Кој го покори, а со надеж, 21#Ис 65,17; Дела 3,21; 2 Птр 3,12-13; Откр 21,1дека и самото создание ќе се ослободи од ропството на распадливоста при славното ослободување на чедата Божји. 22Зашто знаеме дека целото создание заедно со нас стенка како во породилни болки. 23#2 Кор 1,22; 5,2-5; Гал 5,5; Фил 3,20-21И не само тоа, туку и ние самите, кои ги имаме првините на Духот, воз­див­нуваме во себе, очекувајќи посинување и откупување на нашето тело. 24#2 Кор 5,7; Евр 11,1Зашто со таа надеж бевме спасени. А надежта што се гледа не е вистинска надеж. Зашто, кој би се надевал во тоа што го гледа? 25Кога се надеваме, пак, на она што не го гледаме, со трпение го очекуваме. 26#8,15; Јк 4,3.5Исто така и Духот нѐ поткрепува во нашата немоќ; бидејќи ние не знаеме како треба да се молиме. Па сепак, Ду­хот Сам посредува за нас со не­ис­ка­жливо воздивнување. 27#Пс 139,1-2; Откр 2,23А Оној Кој ги истражувал срцата, знае каква е мислата на Духот, бидејќи Тој по волјата на Бога посредува за све­тиите. 28#Ефес 1,11А знаеме дека на оние што Го љу­бат Бога и се повикани по Негова волја, сѐ им содејствува за добро; 29#1 Кор 15,49; 2 Кор 3,18; Фил 3,21зашто оние, кои однапред ги позна, нив и ги предопредели да бидат сооб­разни со ликот на Неговиот Син, та Тој да биде првороден меѓу многуте браќа. 30#2 Сол 2,13-14А оние што ги предопредели, тие и ги повика, и кои ги повика, тие и ги оп­равда; кои ги оправда, тие и ги прос­ла­ви.
Величието на Божјата љубов
31 # Пс 118,6 Што да речеме, пак, на ова? Ако е Бог со нас, кој ќе е против нас? 32#5,6-11; 1 Мојс 22,17; Јн 3,16Оној, Кој не Го поштеди ни Својот сопствен Син, туку Го предаде за нас сите, зарем нема да ни подари со Него сѐ? 33#Ис 50,8-9Кој ќе ги обвини избраниците Божји? Бог е Тој Кој ги оправдува! 34#Евр 7,25; 1 Јн 2,1Кој е тој што ќе суди? Христос Исус, Кој умре, но уште и воскресна, Кој е од десната страна на Бога и се зас­тапува за нас! 35Кој ќе нѐ одвои од љубовта кон Христос? Дали неволјата? Или маката? Или прогонот? Или гладот? Или голо­тијата? Или погибелта? Или мечот? 36#Пс 44,23; 2 Кор 4,11; 2 Тим 3,12Како што е напишано: „Заради Те­бе секогаш нѐ убиваат; нѐ сметаат како овци за клање.“ 37#Јн 16,33Но во сето тоа стануваме повеќе од победници преку Оној Кој нѐ возљуби. 38Зашто сигурно знам дека ни смртта, ни животот, ни ангелите, ни влас­ти­те, ни сегашноста, ни иднината, 39ни височината, ни длабочината, ни­ту, пак, кое било друго создание нема да може да нѐ оддели од љубовта Божја во Христос Исус, нашиот Господ.

Currently Selected:

Римјаните 8: MK2006

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in

Video for Римјаните 8