1
МАТЕЈ 5:15-16
Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов
ниту се пали светило, за да се стави под житно мерило, туку на светилник, и им свети на сите кои се во куќата. Така нека свети вашата светлина пред луѓето, за да ги видат вашите добри дела и да Го прослават вашиот Татко, Кој е во небесата.“
Compare
Explore МАТЕЈ 5:15-16
2
МАТЕЈ 5:14
Вие сте светлината на светот. Град кој лежи на рид, не може да се скрие
Explore МАТЕЈ 5:14
3
МАТЕЈ 5:8
Бла-жени се чистите во срце, зашто тие ќе Го видат Бога!
Explore МАТЕЈ 5:8
4
МАТЕЈ 5:6
Блажени се кои гладуваат и жедуваат за правда, зашто тие ќе се наситат!
Explore МАТЕЈ 5:6
5
МАТЕЈ 5:44
А Јас ви велам: Љубете ги своите непријатели и молете се за оние, кои ве гонат
Explore МАТЕЈ 5:44
6
МАТЕЈ 5:3
“Блажени се бедните во дух, зашто е нивно царството небесно!
Explore МАТЕЈ 5:3
7
МАТЕЈ 5:9
Блажени се миротворците, зашто тие ќе бидат наречени синови Божји!
Explore МАТЕЈ 5:9
8
МАТЕЈ 5:4
Блажени се оние кои тагуваат, зашто тие ќе бидат утешени!
Explore МАТЕЈ 5:4
9
МАТЕЈ 5:10
Бла-жени се оние кои се гонети заради правда, зашто е нивно царството небесно!
Explore МАТЕЈ 5:10
10
МАТЕЈ 5:7
Блажени се милостивите, зашто тие ќе бидат помилувани!
Explore МАТЕЈ 5:7
11
МАТЕЈ 5:11-12
Блажени сте кога ќе ве навредуваат и гонат и говорат лажно против вас, секакви лоши зборови, заради Мене. Радувајте се и веселете се, зашто голема е вашата награда на небесата, зашто така ги гонеа пророците, кои беа пред вас.
Explore МАТЕЈ 5:11-12
12
МАТЕЈ 5:5
Блажени се кротките, зашто тие ќе ја наследат земјата!
Explore МАТЕЈ 5:5
13
МАТЕЈ 5:13
Вие сте солта на земјата, но ако солта стане блуткава, со што ќе се осоли? Веќе нема сила за ништо, освен да биде фрлена надвор и луѓето да ја изгазат.
Explore МАТЕЈ 5:13
14
МАТЕЈ 5:48
И така, бидете совршени, како што е совршен вашиот небесен Татко.“
Explore МАТЕЈ 5:48
15
МАТЕЈ 5:37
Туку вашиот збор нека биде: ‘да’, да - ‘не’, не! Што е повеќе од тоа, од лукавиот е.“
Explore МАТЕЈ 5:37
16
МАТЕЈ 5:38-39
“Сте чуле дека било речено: ‘Око за око и заб за заб.’ А Јас пак ви велам: не противете му се на злото; туку, ако некој те плесне по твојот десен образ, сврти му го и другиот.
Explore МАТЕЈ 5:38-39
17
МАТЕЈ 5:29-30
Ако твоето десно око те соблазнува, извади го и фрли го од себе; зашто е подобро да ти пропадне еден од членовите, отколку целото твое тело да биде фрлено во пеколот. И ако твојата десна рака те соблазнува, отсечи ја и фрли ја од себе; зашто ти е подобро да пропадне еден од твоите членови, отколку целото твое тело да отиде во пеколот.
Explore МАТЕЈ 5:29-30
Home
Bible
Plans
Videos