YouVersion Logo
Search Icon

Лука 24

24
Исусовото воскресение
(Мт 28,1-10; Мк 16,1-8; Јн 20,1-10)
1 # Јн 20,1.19; Дела 20,7; 1 Кор 16,2 Во првиот ден на седмицата, многу рано, тие дојдоа на гробот, носејќи ги приготвените мириси, а со нив беа и некои други жени 2Но ја најдоа плочата иставена на гробот. 3#Дела 1,21И кога влегоа, не го најдоа телото на Господ Исус. 4#2 Мак 3,26; Мк 9,3; Дела 1,10И додека се чудеа на тоа, одеднаш пред нив застанаа двајца мажи во свет­ли облеки; 5#1,12; Ис.Н. 3,10; Суд 8,19; 1 Цар 14,39тие се уплашија и ги наведнаа лицата кон земјата, а овие им рекоа: „Зошто Го барате Живиот меѓу мрт­вите? 6#9,22Тој не е овде, а воскресна; сетете се како ви рече, додека беше уште во Га­лилеја, 7#17,25; 18,32-33; Мт 8,20; Дела 17,3говорејќи дека Синот Човечки треба да биде предаден во рацете на луѓе грешници и да биде распнат, и на третиот ден да вос­кресне.“ 8#Јн 2,22И се сетија на Неговите зборови. 9Па штом се вратија од гробот, им го соопштија сето тоа на единаесетте и на сите други. 10#8,2; 24,24А тие беа Марија Магдалена, и Јо­ана, и Марија Јаковова заедно со дру­ги­те, кои им го кажаа тоа на апостолите. 11#Мт 28,17И нивните зборови им изгледаа ка­ко бесмислица, и не им поверуваа. 12Но Петар стана и отиде бргу до гробот, па кога се наведна, го виде внат­ре само повојот. И се врати, чудејќи се сам во себе заради она што се случи­ло.
На патот кон Емаус
(Мк 16,12-13)
13Во истиот ден двајца од нив одеа во едно село, по име Емаус, кое беше оддалечено од Ерусалим шеесет стадии#24,13 Околу 11 км.. 14И зборуваа меѓу себе за сите овие настани. 15#Мт 18,20И додека разговараа и се расправаа еден со друг, Самиот Исус се приближи и одеше со нив; 16#Јн 20,14; 21,4но очите им се замрежија за да не Го познаат. 17А Тој им рече: „Какви се тие збо­ро­ви што ги разменувате меѓу себе одејќи и зошто сте нажалени?“ 18Едниот од нив, по име Клеопа, Му одговори и рече: „Единствен туѓинец ли си ти во Ерусалим, та не си разбрал што се случи во него овие дни?“ 19#Мт 2,23; 16,14; 21,11; Дела 7,22И го праша: „Што?“ Тие Му одгово­рија: „За Исус од На­зарет, Кој беше пророк, силен на дело и на слово, пред Бога и пред сиот народ; 20Како нашите првосвештеници и началници Го предадоа да биде осуден на смрт и Го распнаа; 21#1,54.68; 2,25.38; Дела 1,6а ние се надевавме дека е Тој Оној што треба да го избави Израил; но и покрај сето тоа, денес е веќе трет ден, откако се случи ова. 22#Мт 28,1; Јн 20,1А и некои жени од нашите нѐ запрепастија; тие биле рано на гробот, 23#24,9и не го нашле телото Негово; и кога се вратија, рекоа дека им се јавиле ан­гели и дека им кажале дека е Тој жив. 24#Јн 20,3-8Отидоа на гробот и некои од наши­те и го најдоа истото она, како што ре­коа жените; но Него не Го виделе.“ 25Тогаш им рече: „О, безумни! Срце­то ви е споро за да поверувате во сѐ што рекле пророците! 26#Јн 13,31-32; Дела 3,13Не требаше ли така да пострада Христос и да влезе во Својата слава?“ 27#16,16.29-31; 24,44; 1 Птр 1,11Па, како почна од Мојсеј и од сите пророци, им разјаснуваше што е кажано за Него во сите Писма. 28#Мк 6,48И тие се приближија до селото во кое одеа; а Тој се направи како да сака да продолжи. 29#Суд 19,9; Дела 16,15Но тие Го задржаа, велејќи: „Оста­ни со нас, зашто денот одмина и наскоро ќе се стемни!“ Тој влезе и остана со нив. 30#22,19; 1 Кор 11,24А кога седеше со нив на трпеза, зе­де леб, го благослови, го прекрши и им подаде. 31Тогаш им се отворија очите и тие Го познаа; но Тој стана невидлив за нив. 32#Пс 38,3И си рекоа еден на друг: „Зар не го­реа во нас срцата наши, кога ни зборуваше по патот и кога ни го објаснуваше Писмо­то?“ 33Па во истиот час станаа, се вратија во Ерусалим и ги најдоа собрани Едина­есетте и они кои беа со нив, 34#1 Кор 15,4-5каде што говореа дека Господ на­вис­тина воскреснал и му се јавил на Симон. 35#1 Мојс 42,29; Дела 20,7И тие кажаа за она што им се случи по патот и како Го познаа, кога го пре­кршувал лебот.
Појавување пред учениците
(Мт 28,16-20; Мк 16,14-18; Јн 20,19-23; Дела 1,6-8)
36 # Тов 12,17; 1 Кор 15,5 Додека тие уште зборуваа за тоа, Самиот Исус застана сред нив и им ре­че: „Мир вам!“ 37#Мт 14,26А тие, така се уплашија и бидејќи застрашени, помислија дека гледаат дух. 38Но Тој им рече: „Што сте збунети и зошто такви мисли влегуваат во срцата ваши? 39#1 Јн 1,1Видете ги рацете Мои и нозете Мои: Јас сум Истиот; допрете се до Ме­не и гледајте; зашто духот нема тело и коски, а, како што гледате, Јас имам.“ 40А кога го рече тоа, им ги покажа рацете и нозете. 41#Јн 21,5Но, додека тие од радост уште не веруваа и се чудеа, Тој им рече: „Имате ли овде нешто за јадење?“ 42#Јн 21,9-10Тие Му дадоа парче печена риба и мед со саќе. 43#Дела 10,41И кога зеде, јадеше пред нив. 44#18,31; 24,27; 1 Мојс 3,15; 49,10-11; Ис 7,14; 9,5-6; 53,1-12; Мих 5,1.3; Зах 9,9; 12,10–13,1; 13,7; Мал 3,1; Пс 2; Дан 7,13-14; 9,24; Мт 16,21; Јн 5,39.46; Дела 26,22Па им рече: „Ете, ова се зборовите што ги говорев уште додека бев со вас, зашто треба да се исполни сѐ што е на­пишано за Мене во Законот Мојсеев и кај Пророците, и во Псалмите.“ 45#Јн 20,9; Дела 4,10-11Тогаш им го отвори умот за да ги разбираат Писмата, 46#Ис 53; Ос 6,2; 1 Кор 15,3-4и им рече: „Така е напишано и така требаше да пострада Христос и да вос­кресне од мртвите на третиот ден, 47#Дела 1,4-8; 2,38; 10,43; 13,38-39; 1 Тим 3,16и да биде проповедано во Негово име покајание и проштевање на гре­во­вите кај сите народи, почнувајќи од Ерусалим; 48#Јн 15,27; Дела 1,8а вие сте сведоци за ова. 49#1,35; 4,14; Јн 14,16; 15,26; Дела 1,4.8; 2,33И ете, Јас ќе го испратам врз вас ве­тувањето од Мојот Отец; а вие останете во градот Ерусалим, додека не се обле­чете во сила одозгора.“
Христовото вознесение
(Мк 16,19-20; Дела 1,9-11)
50 # 3 Мојс 9,22; Сир 50,20 И ги изведе надвор до Витанија, па кога ги подигна рацете, ги благослови. 51И додека ги благословуваше, се од­дели од нив и се вознесе на небото; 52#9,51; Јн 14,28; 16,22; Дела 1,12тие Му се поклонија и се вратија во Ерусалим со голема радост. 53#Јн 2,20; Дела 2,46И беа постојано во храмот, каде што Го прославуваа и благословуваа Бога. Амин!

Currently Selected:

Лука 24: MK2006D

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in