YouVersion Logo
Search Icon

1 Јован 1

1
Предговор
1 # 2,13; Лк 24,39; Јн 1,1.14; 20,25 Она што беше од почетокот, она што го чувме, она што со очите свои го видовме, што го разгледавме и што рацете наши го опипаа, за Словото на животот – 2#2,25; 4,14; 5,20; Јн 1,4; 11,25-26и животот се јави, и видовме, и све­дочиме, и ви го навестуваме вечниот живот, кој беше во Отецот и нам ни се јави – 3#Јн 17,20-21; Дела 4,20; 26,16; 1 Кор 1,9она што го видовме и го чувме, тоа ви го навестуваме, та и вие да имате заедништво со нас; а нашето за­ед­ниш­тво е со Отецот и Неговиот Син, Исус Христос. 4#Јн 15,11; 16,22-24; 2 Јн 1,12Тоа ви го пишуваме за да биде ра­доста наша потполна.
Да одиме во светлина, ослободени од гревот
5 # 3,11; Дан 2,22; Јн 8,12; 1 Тим 6,16; Јк 1,17 А известувањето, пак, што го чувме од Него и вам ви го предаваме, е тоа де­ка Бог е светлина, и во Него нема ни­каква темнина. 6#2,4.9; Јн 3,21Ако речеме дека со Него имаме заедништво, а одиме во темнина, тогаш лажеме и не постапуваме според вистината. 7#Мт 26,28; Рим 3,24-25; Ефес 5,8; Евр 9,14; Откр 1,5А ако, пак, во светлина одиме, како што е Тој самиот во светлина, тоа значи дека ние еден со друг имаме заед­ниш­тво, и крвта на Исус Христос, Неговиот Син, нѐ очистува од секаков грев. 8#1 Цар 8,46; Јов 9,2; Изреки 20,9; Проп 7,20; Рим 3,10-20Ако кажеме дека немаме грев, се ла­жеме сами себе, и вистината не е во нас. 9#2 Лет 7,14; Пс 32,1-5; Изреки 28,13; Мт 6,12; Рим 4,6-8; Јк 5,16Ако ги исповедаме гревовите свои, Тој е верен и праведен за да ни ги прос­ти гревовите и да нѐ очисти од секаква неправда. 10Ако, пак, речеме дека не сме згре­шиле, Него Го правиме лажливец, и словото Негово не е во нас.

Currently Selected:

1 Јован 1: MK2006

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in