YouVersion Logo
Search Icon

1 Петар Вовед

Вовед
Ова послание е упатено до христијаните расеани по северните предели на Мала Азија, кои апостол Петар овде ги нарекува „Божји избран народ.“ Главната цел на посланието е да ги охрабри оние кои трпеле прогонства поради нивната вера во Христос. Писателот ги потсетува дека надежта треба да ни доаѓа од радосната вест на Господ Исус Христос, Кој умре, воскресна и вети дека ќе се врати по Своите. Тоа треба да ги одржува христијаните кога се изложени на прогонства и страдања, прифаќајќи ги овие страдања и прогонства како проверка на нивната вера. Оние што ќе опстојат, ќе бидат наградени во денот кога Христос ќе се јави.
Покрај охрабрувањата за прогонетите, писателот ги поттикнува читателите да живеат со живот достоен за Христови следбеници.

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in