YouVersion Logo
Search Icon

1 Тимотеј 4

4
Сѐ што е создадено од Бога е добро
1 # Мт 24,23-24; Дела 20,29-30; 2 Тим 3,1; 2 Птр 2,1; 3,3; 1 Јн 2,18; Јуда 1,18 А Духот јасно зборува дека во последните времиња некои ќе отстапат од верата, слушајќи измамнички духови и злодуховски учења, 2преку лицемерството на оние што зборуваат лага и имаат догорена совест; 3#2,4; 1 Мојс 9,3; Рим 14,6; 1 Кор 10,30.31; Кол 2,16-23кои забрануваат да се стапува во брак и наметнуваат воздржување од ја­дења што ги создал Бог, за да бидат употребувани од оние кои веруваат и ја познаваат вистината. 4#1 Мојс 1,31; Рим 14,14; 1 Кор 10,25-30Зашто, секое нешто создадено од Бога е добро и ништо не е за отфрлање, ако се прима со благодарност, 5бидејќи се осветува преку словото Божјо и со молитва.
Добриот служител на Исус Христос
6 # 2 Тим 2,15 Ова советувај им го на браќата и ќе бидеш добар служител на Исус Хрис­тос, хранет со зборовите на верата и на доброто учење што си го примил. 7#1,4; 6,20; 2 Тим 2,16; Тит 1,14Од нечисти и од бапски приказни бе­гај, а обучувај се во побожност; 8#6,6зашто телесното обучување е малку корисно, а побожноста е полезна за сѐ, бидејќи во себе има ветување за се­гаш­ниот и за идниот живот. 9#1,15; 3,1; 2 Тим 2,11; Тит 3,8Тие зборови се верни и достојни да бидат целосно прифатени. 10#1,1; 2,3-4Затоа и се трудиме и се бориме, зашто се надеваме на живиот Бог, Кој е Спасител на сите луѓе, а посебно на оние кои веруваат.
Препораки за верните
11Ова препорачувај го и поучувај! 12#2 Сол 3,7; Тит 2,7-8; 2,15Никој нека не ја презира твојата младост, туку на верните да им служиш како пример во слово, поведение, љу­бов, дух, вера и чистота! 13Додека дојдам, занимавај се со читање на Писмото, со утешување и со поучување! 14#1,18; Дела 6,6; 8,17; 2 Тим 1,6Не занемарувај ја дарбата што е во тебе, и која ти беше дадена по пророш­тво заедно со полагање раце врз тебе од свештенството! 15Грижи се за тоа, на тоа предади се, та успехот твој да им стане јасен на сите! 16Пази на себе и на учењето; биди ис­траен во тоа, зашто, ако постапуваш та­ка, ќе се спасиш и себе самиот и оние што те слушаат.

Currently Selected:

1 Тимотеј 4: MK2006

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in

Videos for 1 Тимотеј 4