YouVersion Logo
Search Icon

1 Тимотеј 6

6
За потчинетите
1 # Рим 2,24; 1 Кор 7,21-22; Ефес 6,5-8; Кол 3,22-25; Тит 2,9-10 Оние, кои се наоѓаат под јарем, робовите, господарите свои нека ги сметаат како достојни за секаква по­чест, за да не се хули името Божјо и учењето. 2Оние, пак, кои имаат господари што поверувале, нека не презираат зашто се верници; туку со поголема усрдност да служат, бидејќи тие што ги добиваат нивните услуги се верни и возљубени. Така поучувај и советувај!
Погрешните учења и вистинските богатства
3 # 1,10; Гал 1,8.9; 2 Тим 1,13 Кој поучува инаку и не оди по здра­вите зборови на нашиот Господ Исус Христос и според учењето за бла­го­чес­носта, 4#Рим 1,29тој е помрачен од горделивоста. Не знае ништо и е болен од празни препирки и распрашувања, од кои произлегуваат зависта, карањето, хулењето, ло­шите мисли; 5#2 Тим 3,8залудни препирки меѓу луѓето што имаат изопачен ум, лишени се од вистината; тие мислат дека побожноста слу­жи за трговија. Бегај од такви! 6#Фил 4,11-12; Евр 13,5А голема печалба е, навистина, да биде човек благочестив и задоволен со себе. 7#Јов 1,21; Проп 5,14Бидејќи ништо не сме донеле на светов, јасно е дека не можеме и ништо да однесеме. 8Но кога имаме храна и облекло, со тоа да бидеме задоволни. 9А оние што сакаат да се збогатуваат, паѓаат во искушение, во стапици и во многу неразумни и штетни страсти, што го потопуваат човекот во пропаст и погибел. 10#Мт 6,24Зашто коренот на сите зла е среброљубието, на што некои му се пре­да­доа, се отклонија од верата и си на­вле­коа многу маки.
Правилно исповедање на верата
11 # 1 Кор 13,13; Гал 5,22; 2 Тим 2,22; 4,7; Тит 2,2 Но ти, човеку Божји, бегај од ова и стреми се кон праведноста, побожноста, верата, љубовта, трпеливоста и кротоста! 12Бори се со добриот подвиг на верата; освој го вечниот живот за кој си и повикан и си дал добра потврда пред многу сведоци. 13#2,6; Јн 18,36-37Ти заповедам пред Бога, Кој сѐ оживотворува, и пред Христос Исус, Кој ја посведочи добрата исповед пред Понтиј Пилат, 14да ја запазиш заповедта чиста и бес­прекорна сѐ до доаѓањето на нашиот Господ Исус Христос, 15#5 Мојс 10,17; Пс 136,3; Откр 17,14кое, кога ќе му дојде времето, ќе Го открие блажениот и единствен Вла­де­тел, Цар над царевите и Господар над господарите, 16#2 Мојс 33,20; Пс 104,2; Јн 1,18Кој е единствен бесмртен и живее во непристапна светлина, Кого никој од луѓето не Го видел, ниту може да Го ви­ди. Нему нека Му е чест и сила во сите векови. Амин!
Совети до богатите
17 # Пс 62,10; Лк 12,16-21; Јк 1,10 Заповедај им на богатите од овој свет да не се гордеат, ниту да се надеват во непостојаното богатство, туку на жи­виот Бог, Кој ни дава за наслада сѐ во изобилие; 18нека прават добро, нека се збогатуваат со добри дела, да бидат штедри и сочувствителни. 19#Мт 6,20; Фил 4,17И на таков начин да си собираат сокровиште – добра основа за иднината, за да постигнат живот вечен.
Последен поздрав
20 # 1,6; 2 Тим 1,12.14; 2,2; 3,14; Тит 1,10 О Тимотеје, пази го она што ти е предадено и бегај од нечисти и празни разговори и од расправии на лажната наука, 21#1,6; 2 Тим 2,18на која некои ѝ се предадоа и се отклонија од верата. Благодатта нека биде со тебе. Амин.

Currently Selected:

1 Тимотеј 6: MK2006

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in