YouVersion Logo
Search Icon

2 Јован Вовед

Вовед
Писателот едноставно се означува како „старешина“, односно „свештеник.“ Начинот на кој тој се изразува, покажува дека има одреден авторитет пред своите приврзаници. Тој се обраќа до „избраната од Бога госпоѓа и нејзините чеда“, израз кој веројатно означува некоја локална црква и нејзините членови (ст. 1).
Тој ги охрабрува своите читатели да живеат во вистината и во љубовта (ст. 1–6). Нив ги спротивставува на луѓето кои ги шират идеите аналогни на оние кои ги побива Првото послание на Јован (ст. 7–11). Тој завршува со најава за неговото доаѓање и пренесување на поздравите од сестринската црква (ст. 12).
Како и Првото послание на Јован, така и ова ги повикува читателите да бидат постојано будни и да бидат истрајни во вистинската вера.

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in