2 Тимотеј 3
3
За последните денови
1 #
1 Тим 4,1
Но ова знај го: во последните денови ќе настанат тешки времиња. 2#Рим 1,29-31Зашто луѓето ќе станат себељубиви, среброљубиви, самофалци, горделивци, хулители, непокорни кон родителите, неблагодарни, неправедни, безбожници, 3непомирливи, клеветници, невоздржливи, нескротливи, недоброљупци, 4предавници, пребрзи, надуени, повеќе сластољубиви отколку богољубиви, 5#Мт 7,15.21; 24,4.24; Кол 2,23; Тит 1,16на изглед побожни, а од силата на Бога се одрекле. И од нив бегај! 6#Дела 17,21; Тит 1,11Кон нив припаѓаат и оние што се завлекуваат по куќите и измамуваат жени што се претоварени со гревови и обземени од разни похоти, 7#Јн 8,32; 1 Тим 2,4жени, кои секогаш се учат и никогаш не можат да дојдат до спознание на вистината. 8#1 Тим 6,5Па, како што Јаниј и Јамвриј му се противеа на Мојсеј, така и тие ѝ се противат на вистината, бидејќи се луѓе со изопачен ум, отпаднати од верата. 9Но нема да успеат повеќе, зашто безумието нивно ќе им стане јасно на сите, како што се случи и со оние двајца. 10#1 Кор 13,13Ти го следеше моето учење, поведение, целта, верата на мојата великодушност, љубовта, трпеливоста, 11#Дела 13,50; 14,5.19на моите прогони и страдања, што ми се случија во Антиохија, и во Иконија, и во Листра, какви прогони претрпев; и од сѐ Господ ме избави. 12#Јн 15,20; Дела 14,22; 1 Сол 3,4А и сите, што сакаат да живеат побожно во Христос Исус ќе бидат гонети. 13А лошите луѓе и лажливците ќе напредуваат во злото, како заблудувачи и заблудени. 14#1,5; 2,2Но ти остани во тоа што си го научил и што ти е поверено, знаејќи од кого си го научил, 15#Јн 5,39бидејќи уште од малечок ги познаваш Светите Писанија, што можат да те направат мудар за спасение преку верата во Христос Исус. 16#Рим 15,4; 1 Кор 10,6; 2 Птр 1,21Целото Писмо е од Бога вдахновено и полезно за поука, за казнување, поправање и поучување во праведност, 17#2,21за да биде Божјиот човек усовршен и совршено подготвен за секое добро дело.
Currently Selected:
2 Тимотеј 3: MK2006
Highlight
Share
Copy
Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006