Дела 14
14
Павле и Варнава во Иконија
1Во Иконија тие заедно влегоа во јудејската синагога, и зборуваа така, што мнозина Јудејци и Елини поверуваа. 2А Јудејците, што не поверуваа, ги побунија и раздразнија духовите на незнабошците против браќата. 3#3,12; 19,11Но тие сепак останаа тука доста време и смело говореа за Господ, Кој сведочеше за словото на Својата благодат, давајќи преку нивните раце да стануваат знаци и чуда. 4А народот во градот се раздели: едни беа со Јудејците, а други со апостолите. 5И кога незнабошците и Јудејците, со своите началници се готвеа да ги хулат и да ги каменуваат, 6тие, штом разбраа, се засолнија во ликаонските градови Листра и Дерва и во нивната околина. 7Таму почнаа да го проповедаат Евангелието.
Исцелувањето на парализираниот човек. Беседата на Павле во Листра
8Во Листра седеше еден човек, немоќен во нозете. Тој бил сакат од мајчината утроба, не можел да оди никогаш. 9#3,4Тој слушаше додека Павле зборуваше; а Павле, го впери во него погледот и виде дека во него има вера дека може да оздрави, 10па му рече со висок глас: „Тебе ти велам, во името на Господ Исус Христос: исправи се на нозете свои!“ И тој скокна и почна да оди. 11А луѓето, кога видоа што направи Павле, го подигнаа гласот свој и извикаа на ликаонски: „Боговите слегле кај нас во човечки лик!“ 12И Варнава го нарекоа Зевс, а Павле Хермес, бидејќи тој го водеше зборот. 13Жрецот, пак, на Зевс, чиј кип се наоѓаше пред новиот град, откако доведе јунци и венци пред портата, сакаше заедно со народот да принесе жртва. 14#Мт 26,65Но апостолите Варнава и Павле, кога слушнаа за тоа, ги раскинаа своите облеки, се втурнаа меѓу народот, гласно викајќи: 15#3,12; 4,24; 10,26; 17,24; 2 Мојс 20,11; Пс 146,6; 1 Сол 1,9„Луѓе, зошто го правите ова? И ние сме смртни како и вие, но ви проповедаме да се обратите од овие празноверија кон живиот Бог, Кој ги создаде небото и земјата, морето и сѐ што е во нив; 16#17,30Кој поранешните поколенија на народите ги остави да врват по нивните патишта, 17#Пс 145,16; Пс 147,8иако не престануваше да сведочи за Себе, правејќи ни добро со праќање дождови од небото и плодоносни времиња и исполнувајќи ги срцата наши со храна и веселост.“ 18И зборувајќи за ова, одвај го убедија народот да не им принесува жртва, (туку секој да си оди во својата куќа. Додека се наоѓаа таму и поучуваа), 19#2 Кор 11,25од Антиохија и од Иконија пристигнаа некои Јудејци. (И кога апостолите зборуваа отворено, тие го убедија народот да ги напушти, велејќи дека ништо вистинско не зборуваат, туку само лажат), а кога го придобија народот, го каменуваа Павле, па го извлекоа надвор од градот, мислејќи дека е мртов. 20Кога се собраа околу него учениците, тој стана и се врати во градот. Утредента со Варнава заминаа за Дерва.
Враќање во Сирија и Антиохија
21И, откако го проповедаа Евангелието во тој град и мнозина придобија за свои ученици, тие се вратија во Листра, Иконија и Антиохија. 22#11,23; 13,43Тие ги зацврстуваа душите на учениците и, храбрејќи ги да бидат истрајни во верата, ги учеа дека во царството Божјо треба да влеземе преку многу маки. 23#1 Тим 3,3Па, откако им ракоположија свештеници за секоја црква, се помолија со пост, и ги предадоа на Господ, во Кого беа поверувале. 24А потоа минаа низ Писидија, и дојдоа во Памфилија; 25и, откако го проповедаа словото Господово во Перга, слегоа во Аталија, 26#13,2; 15,40а оттаму отпловија за Антиохија, откаде што беа предадени на Божјата благодат за делото што го завршија. 27По нивното пристигнување тие ја собраа црквата, и соопштија за сѐ, што направи Бог со нив и како Тој ја отворил вратата на верата и за незнабошците. 28И таму престојуваа подолго време со учениците.
Currently Selected:
Дела 14: MK2006
Highlight
Share
Copy
Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006