Дела 2
2
Педесетница – Излевање на Светиот Дух
1Кога дојде денот Педесетница, сите апостоли беа заедно и на исто место. 2#4,31; Јн 3,8Тогаш ненадејно се создаде шум од небото, како силен ветар кога дува, и ја исполни целата куќа, каде што седеа. 3#4 Мојс 11,25И им се јавија јазици како од пламен, кои се разделуваа и се спуштија по еден над секого од нив посебно. 4И сите се исполнија со Дух Свети, и почнаа да зборуваат на други јазици, онака како што им даваше Духот Свети да изговараат. 5Тогаш во Ерусалим имаше Јудејци, побожни луѓе, од секој народ под небото. 6Кога се создаде тој екот, народот кој се насобра многу се збуни, бидејќи секој ги слушаше како зборуваат на неговиот сопствен јазик. 7И сите вџашени и восхитени, говореа: „Овие што зборуваат, зар не се сите Галилејци? 8Па како тогаш слушаме како секој од нив зборува на нашиот мајчин јазик? 9Парти, Мидијци, Еламити и жителите од Месопотамија, Јудеја и Кападокија, од Понт и Азија, 10Фригија, Памфилија, од Египет и од краиштата на Либија покрај Киринеја, па и привремено дојдените Римјани. 11#10,45-46Како ние Јудејците, така исто и придојдените, Критјани и Арапи, еве слушаме како тие зборуваат за големите дела Божји на нашите јазици?“ 12Сите се чудеа и во недоумение си зборуваа еден со друг: „Што ли ќе биде ова?“ 13#1 Кор 14,23А други, потсмевајќи се, велеа: „Се напиле со слатко вино!“
Беседата на Петар
14Тогаш Петар стана со единаесетте, го подигна гласот свој и им рече: „Луѓе Јудејци и вие сите што живеете во Ерусалим, знајте го ова и внимателно слушнете ги моите зборови; 15овие луѓе не се пијани, како што мислите вие, зашто е третиот час#2,15 Околу 9 часот претпладне. од денот: 16но ова е претскажаното преку пророкот Јоил: 17#Јоил 3,1-5‚И ете во последните дни, рече Бог, ќе излеам од Мојот Дух на секое тело и ќе пророкуваат синовите ваши и ќерките ваши, и младичите ваши ќе имаат виденија и старците ваши ќе сонуваат соништа. 18#4 Мојс 11,29И во тие дни, врз слугите Мои и слугинките Мои ќе излеам од Мојот Дух, и тие ќе пророкуваат. 19И ќе покажам чудеса на небесата и знаци долу на земјата – крв, и оган, и чад. 20#Амос 5,18-20Сонцето ќе се претвори во темнина, а месечината во крв, и тоа уште пред да настапи големиот и славен ден Господов. 21#4,12; Рим 10,13; 1 Кор 1,2И тогаш, секој што ќе го повика името Господово, ќе се спаси.‘ 22Луѓе Израелци, слушнете ги овие зборови: Исус од Назарет, Човекот посведочен пред вас од Бога со сили, чудеса и знаци, кои, како што и сами знаете, ги направи Бог преку Него, 23предаден по определениот Божји план и предзнаење, вие Го фативте, Го распнавте со рацете на беззакониците и Го убивте. 24#Пс 18,3-5Но Бог Го воскресна, откако Го ослободи од смртните маки, бидејќи смртта немаше сила да Го задржи. 25#Пс 16,8-11Зашто Давид за Него вели: ‚Секогаш Го гледав Господ пред себе. Тој е од мојата десна страна, за да не се поместам. 26Затоа се развесели срцето мое и се возрадува јазикот мој; а уште и телото мое ќе почива во надеж; 27#13,34-37зашто Ти нема да ја оставиш душата моја во Адот, ниту, пак, ќе дозволиш Твојот праведник да види распаѓање. 28Ти си ми ги покажал патиштата на животот; Ти ќе ме исполниш со радост преку лицето Свое.‘ 29Мажи браќа, нека ми е дозволено да ви зборувам слободно за прататкото Давид, дека тој умре и беше погребан, а гробот негов е меѓу нас сѐ до денешниов ден. 30#2 Сам 7,12-13; Пс 89,3; 132,11Па, бидејќи беше пророк и знаејќи дека Бог му беше ветил со заклетва дека ќе постави некој од плодот на неговите бедра на престолот Свој, 31#Пс 16,10предвиде и кажа за воскресението на Христос дека нема да биде оставен во Адот и дека телото Негово нема да види распаѓање. 32Овој Исус Го воскресна Бог. За тоа сме ние сите сведоци. 33#1,4И затоа, Тој, откако беше воздигнат со десницата Божја и Го прими од Отецот ветувањето на Светиот Дух сега Го излеа. Тоа е она што го гледате сега вие и го слушате. 34#Пс 110,1Зашто Давид не отиде на небесата, но самиот кажа: ‚Му рече Господ на мојот Господ: Седни од Мојата десна страна, 35#Лк 20,43додека не ги поставам непријателите Твои во подножјето на нозете Твои.‘ 36#Мт 10,6; 15,24И затоа, нека знае со сигурност сиот Израелов дом дека Оној Исус, Кого вие Го распнавте, Бог Го направи Господ и Христос.“
Првите покрстувања
37Кога го слушнаа тоа, им се растреперија срцата, и му рекоа на Петар и на другите апостоли: „Луѓе браќа, што да правиме?“ 38#5,31; 13,38-39; Лк 24,47-48А Петар им рече: „Покајте се и секој од вас да се крсти во името на Исус Христос за простување на гревовите; и тогаш ќе примите дар од Светиот Дух. 39#Ис 57,19; Јоил 3,5Зашто вам ви припаѓа она ветување и на вашите деца и на сите што се далеку, што ќе ги повика Господ, нашиот Бог.“ 40#5 Мојс 32,5; Мт 17,17; Гал 1,4; Фил 2,15И со многу други зборови сведочеше и ги молеше, велејќи: „Спасувајте се од овој пакостен род!“ 41И така оние што од срце ги примија неговите зборови, се крстија и се присоединија во тој ден околу три илјади души.
Животот во првата христијанска заедница
42 #
2,46; Лк 24,35 И беа истрајни во учењето на апостолите, во заедничкиот живот, во прекршувањето на лебот и во молитвите. 43#20,7-11И страв ја обзеде секоја душа, зашто многу чудеса и знаци се вршеа преку апостолите. 44А сите што веруваа, беа заедно и сѐ им беше заедничко; 45продаваа имоти и сопствености и на секого му раздаваа колку што му беше потребно. 46И секој ден еднодушно престојуваа во храмот и, прекршувајќи леб по куќите, се хранеа со радост и со чисто срце. 47#4,21; 11,18; 13,48; 21,20; 2 Кор 2,15Го фалеа Бога и стекнуваа благонаклонетост кај сите луѓе. А Господ секој ден ги придодаваше спасените кон нивното мноштво.
Currently Selected:
Дела 2: MK2006
Highlight
Share
Copy
Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006