YouVersion Logo
Search Icon

Дела 26

26
Павле ја искажува својата одбрана пред Агрипа
1 # 13,16; 21,40 Агрипа му рече на Павле: „Допуштено ти е да зборуваш во своја полза.“ Тогаш Павле ја подаде ра­ката и почна да зборува во своја од­бра­на: 2„Радосен сум, царе Агрипа, што де­нес пред тебе ќе можам да се бранам за сѐ што ме обвинуваат Јудејците, 3дотолку повеќе, што ти ги познаваш јудејските обичаи и препирки; па затоа, те молам, да ме ислушаш милостиво. 4Мојот живот од раната младост, што го поминав најнапред меѓу својот народ во Ерусалим, познат им е на сите Јудејци; 5тие одамна ме знаат, – ако сакаат нека сведочат, – дека јас, како фарисеј, најстрого живеев по учењето на нашата вера; 6#23,6; 24,21а сега стојам пред суд поради на­деж­та во ветувањето дадено од Бога на тат­ковците наши, 7кое нашите дванаесет колена се надеваат дека ќе го постигнат, служејќи Му на Бога постојано дење и ноќе. За таа надеж, царе Агрипа, ме обвинуваат Јудејците. 8#Рим 4,17; Евр 11,19Што? Зарем вие мислите дека не може да се верува дека Бог воскреснува мртви? 9#2,22Навистина, така и јас мислев дека треба да извршам многу работи против името на Исус од Назарет; 10така и направив во Ерусалим и, от­како добив власт од првосвештениците, многу светии затворив, а кога ги убиваа, и јас одобрував, 11и често ги мачев по сите синагоги и ги принудував да хулат на Исус и, разјарен, без мерка ги гонев нив дури и до туѓите градови.
Павле раскажува за своето обраќање
(Дела 9,1-19; 22,6-16)
12 # 9,2 За таа цел одејќи во Дамаск, со власт и порака од првосвештениците, 13#Лк 2,9среде бел ден, царе, на патот видов светлина, посилна од сончевата светлина, која ме огреа од небото мене и оние, што одеа со мене. 14Сите паднавме на земја, и јас чув глас, што ми зборуваше на еврејски ја­зик: ‚Савле, Савле, зошто Ме гониш? Тешко е за тебе да се риташ против бо­дило.‘ 15А јас реков: ‚Кој си ти, Господи?‘ Тој одговори: ‚Јас сум Исус, Кого Го го­ниш ти. 16#22,15Но стани и исправи се на нозете свои; затоа и ти се јавив, да те направам служител и сведок на ова што го виде и што ќе ти откријам, 17#9,15; Ер 1,5-8издвојувајќи те од овој народ и од незнабошците, кај кои ќе те испратам сега, 18#20,32; Ис 42,7.16; Кол 1,12-14; 1 Птр 2,9за да им ги отвориш очите нивни, та да се обратат од темнината во светлина и од власта на сатаната кон Бога, па преку верата во Мене да примат простување на гревовите и наследство меѓу осветените.‘
Павле зборува за своето дело
19Затоа, царе Агрипа, јас не се противев на небесното видение, 20#9,27-29; Рим 15,19но најнапред на жителите во Да­маск и Ерусалим, а потоа по целата Ју­дејска земја и на незнабошците им про­поведав да се покаат и да се обратат кон Бога, правејќи дела достојни за покаја­ние. 21#21,30-31; 24,19Затоа ме фатија Јудејците во хра­мот и се обидоа да ме убијат. 22#17,2-3; 24,14Но, откако добив помош од Бога, стојам до ден денес и им сведочам на мали и на големи, зборувајќи само за она што беа го зборувале Пророците и Мојсеј дека треба да се случи: 23#13,47; Лк 24,46дека Христос мора да пострада и, откако прв ќе воскресне од мртвите, на народот и на незнабошците ќе им про­поведа светлина.“
Павле го повикува Агрипа да ја прифати верата
24А додека го зборуваше ова во од­брана, Фест извика со висок глас: „Си полудел ли, Павле! Многубројните кни­ги те довеле до лудило!“ 25А тој одговори: „Не сум луд, по­чи­туван Фесте, туку кажувам зборови на вистината и со здрав разум. 26Тоа го знае и царот, пред кого и слободно зборувам; јас не верувам дека од сето ова нешто му е непознато, заш­то тоа не е вршено во некој агол.“ 27„Веруваш ли, царе Агрипа, во Про­роците? Знам дека веруваш.“ 28Агрипа му одговори на Павле: „Уште малку, па ќе ме убедиш да ста­нам христијанин!“ 29А Павле рече: „Би Му се молел на Бога и за малку и за многу не само ти, но и сите, што ме слушате денес, да ста­нете такви, каков што сум и јас, но без овие окови.“ 30Кога го кажа тоа, царот и намесни­кот Верникиј и оние, што седеа со нив, станаа 31#23,29и, откако се повлекоа на страна, зборуваа меѓу себе и велеа дека тој чо­век не прави ништо што заслужува смрт или окови. 32И Агрипа му рече на Фест: „Овој човек можеше да биде ослободен, ако не беше посакал суд пред царот.“ Затоа намесникот реши да го испрати пред царот.

Currently Selected:

Дела 26: MK2006

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in

Videos for Дела 26