YouVersion Logo
Search Icon

Создавање 31

31
1 # Проп 4,4 Во тоа време чу Јаков дека синовите Лаванови зборуваат: „Јаков зеде сѐ што беше на нашиот татко, и од она што беше на нашиот татко, го доби тоа цело богатство.“ 2И виде Јаков дека лицето на Лаван не е спрема него како порано. 3#26,3; 28,15И Господ му рече на Јаков: „Врати се во земјата на таткото свој и во родот свој; и Јас ќе бидам со тебе!“ 4Тогаш испрати Јаков, и ги повикаа Рахила и Лија од полето, каде што беа со стадото, 5и им рече: „Гледам дека лицето на вашиот татко спрема мене не е како порано; но Бог на таткото мој беше со мене. 6#30,29Вие самите знаете дека на вашиот татко му служев со сета своја сила, 7#Пс 105,14а таткото ваш ме мамеше и десетпати ми ја промени платата, но Бог не му дозволи да ми направи зло. 8Кога тој ќе речеше – секоја шарена нека биде твоја награда, – тогаш сиот добиток раѓаше шарени. А кога ќе речеше – секоја ригеста да ти биде плата – тогаш сите се раѓаа ригести. 9Така Бог го одзеде добитокот од вашиот татко и ми го даде мене. 10Еднаш, кога се пареше добитокот, ги кренав очите мои и видов сон, а тоа: овните и јарците што скокаа на овците и козите беа ригести, дамчести и шарени. 11#16,7; 28,12; 48,16И ангел Божји ми рече во сонот: ‚Јакове!‘ А јас одговорив: ‚Еве ме!‘ 12А тој рече: ‚Крени ги очите твои и погледај, машките што со ситниот добиток се парат, се ригести, со бели дамки и шарени; зашто гледам сѐ што ти прави Лаван. 13#28,18-22Јас сум Бог, за Кој во Ветил го полеа споменикот со масло и ми даде ветување; стани сега и оди си од оваа земја, и врати се во родниот крај.‘“ 14Тогаш одговорија Рахила и Лија, и му рекоа: „Дали имаме уште некаков дел наследство во домот од таткото наш? 15Зарем не нѐ сметаше како туѓинки? Тој нѐ продаде и го потроши дури и нашето сребро. 16Затоа сето ова богатство, што му го зеде Бог на таткото наш, е наше и на нашите деца. Затоа сега прави онака како што ти рекол Бог.“ 17И се крена Јаков, па ги качи децата свои и жените свои на камили; 18и го зеде со себе сиот свој добиток, и целото свое богатство, што го беше придобил во рамнината Арам, за да појде кај Исак, таткото негов, во земјата хананска. 19#Суд 17,5; 1 Сам 19,13; 2 Цар 23,24; Ос 3,4А кога Лаван беше отишол да го стриже добитокот свој, тогаш Рахила му ги украде идолите на таткото свој. 20И Јаков затаи од Лаван Арамеецот, не јавувајќи му дека ќе си оди. 21И си замина со сиот свој имот, и се крена, премина преку Реката, и се упати кон гората Галаад. 22На третиот ден му јавија на Лаван дека Јаков си заминал. 23И ги зеде со себе роднините свои, па тргна по него во потера, и по седум дена го стигна во гората Галаад. 24Но Бог му дојде на Лаван Арамеецот ноќе во сон, и му рече: „Внимавај, не зборувај му на Јаков ни добро, ни лошо!“ 25И го стаса Лаван Јаков; а Јаков ги беше распнал своите шатори во гората. А и Лаван исто така ги распна своите шатори во гората Галаад. 26#5 Мојс 21,10-14; 1 Сам 30,2И Лаван му рече на Јаков: „Што направи? Зошто ме излага и ги одведе ќерките мои, како да се заробеници? 27Зошто тајно избега и скришум отиде од мене? Ако ми кажеше, јас ќе те испратев со веселба и со песни, со тимпани и гусли. 28Ти не ме удостои дури ни да ги бакнам внуците мои и ќерките мои! Постапи навистина неразумно. 29Сега можам да постапам лошо со тебе. Но Бог на вашиот татко ми рече ноќеска, велејќи: ‚Внимавај, не зборувај му на Јаков ни добро, ни лошо.‘ 30#31,19Оди си, кога толку си се зажелел да се најдеш во домот на татко си, но зошто ги украде боговите мои?“ 31А Јаков му одговори на Лаван и рече: „Се плашев, бидејќи мислев дека насила ќе ми ги грабнеш ќерките свои од мене. 32Кај кого ќе ги најдеш боговите твои, тој нема да остане жив; меѓу нашите луѓе барај го она, што е твое кај мене.“ Но тој ништо не најде кај него, а Јаков, пак, не знаеше дека Рахила ги беше украла. 33И влезе Лаван во шаторот на Јаков и во шаторот Лиин и во шаторот на двете слугинки, и не ги најде. Па, откако излезе од шаторот на Лија, влезе во шаторот на Рахила. 34#31,19А Рахила беше ги зела идолите и ги беше сокрила под седлото на една од камилите и беше седнала на нив. И го пребара Лаван целиот шатор, но не ги најде. 35#3 Мојс 15,19-20А таа му рече на таткото свој: „Немој да се налутиш, господаре мој, што не можам да станам пред тебе, бидејќи го имам она што е редовно кај жените.“ И ги бараше идолите свои, но не ги најде. 36И Јаков се налути, па се скара со Лаван и, велејќи, му рече: „Што сум направил, што сум згрешил, па толку жестоко ме гониш? 37Ги пребара сите работи мои, и што најде од куќата твоја? Покажи овде пред моите и пред твоите луѓе, и тие нека пресудат меѓу нас двајцата. 38Еве, дваесет години бев кај тебе: овците твои и козите твои не пометнуваа; а овни од твоето стадо не јадев. 39#2 Мојс 22,12Што ќе растргнеа ѕверовите, не ти го носев, сам го надоместував; од мене го бараше она, што ќе беше загубено дење или ноќе. 40Дење ме истоштуваше горештината, а ноќе мрзнев; и сонот ми бегаше од очите. 41Такви ми беа дваесетте години во твојата куќа. Ти служев четиринаесет години за двете ќерки твои и шест години за добитокот твој, и платата ми ја измени десетпати. 42#31,24-29Да не беше со мене Бог на мојот татко, Бог Авраамов, и страхопочитта Исакова со мене, ти секако би ме отпуштил празен. Но Бог ја виде мојата неволја и трудот на рацете мои, па те прекори сношти.“ 43А Лаван му одговори на Јаков и рече: „Ќерките се мои ќерки; децата се мои деца, добитокот е мој добиток и, сѐ што гледаш, сѐ е мое; па можам ли нешто да им направам на ќерките мои и на децата што ги родија тие? 44#21,32Туку ајде да склучиме сојуз јас и ти, и тоа нека биде сведоштво меѓу мене и тебе!“ 45Тогаш Јаков зеде камен и го постави за спомен. 46И им рече Јаков на своите луѓе: „Соберете камења!“ И насобраа камења и ги нафрлија на куп, и јадеа таму на купот. 47Лаван го нарече купот Јегар-Сахадута#31,47 На арамејски: Купишта на сведоштвото. Исто значење има и еврејскиот збор Галед., а Јаков го нарече Галед. 48Лаван рече: „Денес овој куп е сведок меѓу мене и тебе и затоа се нарече со името Галед.“ 49А се нарече и Мицпа, зашто Лаван рече: „Нека гледа Бог на мене и на тебе, откако ќе се разделиме еден од друг. 50#Суд 11,10; 1 Сам 12,5Ако постапуваш со ќерките мои лошо или ако земаш други жени покрај ќерките мои, иако нема човек да биде меѓу нас да гледа, знај дека Бог е сведок меѓу мене и тебе.“ 51И уште му рече Лаван на Јаков: „Еве го овој куп, еве го овој споменик, што го поставив меѓу тебе и мене; 52овој куп и овој споменик нека бидат сведоци дека ниту јас нема да минам преку овој куп кај тебе, ниту ти кај мене ќе минеш преку овој куп и преку овој споменик за лошо. 53Бог Авраамов и Бог Нахоров, Бог на таткото нивен нека суди меѓу нас!“ И Јаков се заколна во Бога; страхопочитта на неговиот татко Исак. 54#26,30Тогаш Јаков закла жртва во гората, и ги повика своите луѓе да јадат; и тие јадеа и ноќеваа во гората.

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in