YouVersion Logo
Search Icon

Создавање 33

33
Средбата на Јаков со Исав
1 # 32,7-8; Изреки 16,7 И погледа Јаков со своите очи, па виде, ете Исав, доаѓа, и со него четиристотини луѓе. И ги раздели децата на Лија и на Рахила и на двете слугинки. 2И ги постави слугинките со нивните деца напред, а Лија и нејзините деца зад нив; додека Рахила со Јосиф беа последни. 3А самиот тој излезе прв пред нив и седумпати се поклони доземи, додека не дојде до братот свој. 4#45,15; Лк 15,20Исав истрча пред него и го прегрна, па му се обеси околу вратот и го бакна, и заплакаа. 5Исав, пак, кревајќи ги очите, ги виде жените и децата, па рече: „Кои ти се овие?“ А Јаков одговори: „Деца, со кои Бог го дарува слугата твој.“ 6Тогаш пристапија слугинките со децата свои, и се поклонија. 7Потоа пристапија Лија и децата нејзини, и се поклонија; а најпосле пристапија Јосиф и Рахила, и се поклонија. 8#32,5А Исав рече: „Зошто ти се сите оние луѓе, што ги сретнав?“ Јаков одговори: „За да најдам милост пред очите на господарот мој.“ 9Исав, пак, рече: „Има, брате, кај мене доста; нека ти остане тебе она што е твое.“ 10Но Јаков рече: „Ако најдов милост пред очите твои, прими го дарот од мојата рака, зашто кога го видов лицето твое дека убаво ме пречекува, како да го бев видел Божјото лице. 11Прими го дарот мој, што го до­несов; бидејќи изобилно ме обдари Бог, и имам сѐ.“ И настојуваше на него и тој го прими. 12Потоа Исав рече: „Ајде да одиме, ќе појдам и јас со тебе.“ 13Но Јаков му рече: „Знае господарот мој дека овие деца се мали, а имам овци и крави доилки, па, ако ги подгонам само еден ден побрзо, ќе ми изгине сиот добиток. 14Туку нека тргне господарот мој пред слугата негов, а јас ќе одам полека, колку што можат децата и добитокот пред мене, и ќе дојдам кај господарот мој во Сеир.“ 15Исав рече: „Ќе ти оставам неколку луѓе, што се со мене.“ Јаков одговори: „Зошто? Доволно е само да најдам милост пред господарот мој.“ 16#36,8; 5 Мојс 2,5И така Исав го продолжи истиот ден својот пат кон Сеир. 17#Ис.Н. 13,27; Суд 8,5-7А Јаков отиде во Сукот#33,17 На еврејски суккот значи колиби, трла. и си направи дом, а за добитокот свој направи трла. Затоа тоа место го нарече Сукот.
Јаков се населува во близина на Сихем
18 # 12,6; Јн 4,5 Потоа Јаков дојде во Сихем, во земјата хананска, откако се врати од рам­нината Арам, и се насели спроти гра­дот. 19И купи парче земја, каде што го распна шаторот свој, од синовите на Емор, таткото Сихемов, за сто парчиња сребро. 20И таму подигна жртвеник, и Го призва Бог Израелов.

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in