Создавање 38
38
Јуда и Тамара
1А во тоа време Јуда се оддели од браќата свои, и се насели во близина на некој човек Адуламиец, по име Хира. 2#46,12; 4 Мојс 26,19-21; 1 Лет 2,3-4Таму Јуда ја виде ќерката на некој Хананец, чие име беше Шуа, и ја зеде и легна со неа. 3Таа забремени, и роди син; и тој го нарече Ер. 4Одново зачна, и пак роди син, и нему му стави име Онан. 5И пак роди син, и го именува Шела. А Јуда беше во Кезив, кога таа го роди него. 6И Јуда го ожени првородениот син свој Ер со девојката по име Тамара. 7Но Ер, првенецот Јудин, беше лош пред Господ, и Господ го погуби. 8#5 Мојс 25,5; Рута; 1,11-13; Мт 22,24Тогаш Јуда му рече на Онан: „Влези кај вдовицата од братот твој, и ожени се со неа како девер, за да го запазиш потомството на братот твој.“ 9А Онан, знаејќи дека породот нема да биде негов, кога легнуваше со жената на братот свој, го излеваше семето наземи, за да не му даде потомство на братот свој. 10Но тоа што го правеше, беше зло пред очите на Бога, па затоа и него го погуби. 11Тогаш Јуда ѝ рече на својата снаа Тамара: „Живеј како вдовица во куќата на таткото твој додека порасне Шела, синот мој.“ Зашто, си велеше, да не умре и тој како браќата негови. И отиде Тамара, и живееше во куќата на својот татко. 12Измина многу време и умре ќерката на Шуа, жената на Јуда. А кога Јуда се утеши, појде во Тимна кај луѓето што му го стрижеа стадото, тој сам и неговиот пријател Хира, Адуламиецот. 13И ѝ јавија на Тамара: „Ете, свекорот твој оди во Тимна да го стриже стадото свое.“ 14А таа ја соблече од себе вдовичката облека, си стави превез, па седна пред портата на Енаим, што е на патот за Тимна. Таа виде дека Шела беше пораснал, а неа уште не му ја даваа за жена. 15Кога ја виде Јуда, помисли дека е блудница, зашто таа го беше покрила лицето свое. 16И тој отиде кај неа и ѝ рече: „Дозволи ми да легнам со тебе!“ Зашто не знаеше дека е неговата снаа. А таа рече: „Што ќе ми дадеш, за да легнеш со мене?“ 17А тој одговори: „Ќе ти испратам јаре од стадото.“ А таа му рече: „Ќе ми дадеш ли залог, додека не го испратиш?“ 18#Ер 22,24; Агеј 2,23; Јн 6,27А тој рече: „Каков залог да ти дадам?“ А таа му одговори: „Својот прстен, појасот и стапот што ти е во раката.“ И тој ѝ ги даде, па легна со неа; и таа зачна од него. 19Потоа таа стана и си отиде; го симна превезот од себе и ја облече вдовичката облека. 20А Јуда испрати јаре по другарот свој, Адуламиецот, за да си го поврати залогот од жената, но тој не ја најде. 21Па ги праша луѓето од она место, велејќи: „Каде е блудницата што беше на распаќето во Енаим?“ А тие одговорија: „Овде немаше блудница.“ 22И тој се врати кај Јуда и рече: „Не ја најдов. Дури мештаните ми рекоа дека таму немало блудница.“ 23А Јуда рече: „Нека си ги задржи, само да не ми се смеат; јас ѝ го испратив и јарето, но ти не ја најде.“ 24А кога изминаа околу три месеци, му јавија на Јуда, велејќи: „Тамара, снаата твоја се оддала на блуд и, ете, бремена е од блуд.“ А Јуда рече: „Изведете ја за да се запали!“ 25А кога ја поведоа, таа прати на свекорот нејзин да му кажат: „Сум зачнала од човек, на кој му припаѓаат овие нешта!“ И рече: „Познај, чиј е прстенов, појасов и стапов!“ 26#1 Сам 24,18А Јуда ги препозна, па рече: „Таа е поправедна од мене, бидејќи не ја дадов на синот свој Шела.“ И повеќе не легна со неа. 27#25,24И кога дојде времето да роди, а тоа – близнаци во утробата нејзина. 28И кога се породуваше, едното дете ја покажа раката, а бабицата зеде и му врза црвен конец околу раката, велејќи: „Овој е првенец.“ 29#Рута 4,12.18-22; Мт 1,3-6Но тоа ја повлече раката, и ете излезе неговото братче, а таа рече – како ја проби обвивката? И му ставија име Фарес. 30А потоа излезе неговото братче со црвен конец на раката. Нему му ставија име Зерах.
Currently Selected:
Создавање 38: MK2006
Highlight
Share
Copy
Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006