YouVersion Logo
Search Icon

Создавање 45

45
Јосиф им се открива на своите браќа
1 # Дела 7,13 Тогаш Јосиф, не можејќи повеќе да се воздржи пред оние што стоеја околу него, извика: „Отстранете ги сите од мене.“ И така никој не остана при Јосиф кога им се откри на браќата свои. 2Па заплака силно, така што чуја Егип­ќаните, а се чу и во домот на фа­раонот. 3#50,15И им рече Јосиф на браќата свои: „Јас сум Јосиф! Дали е уште жив татко ми?“ Но браќата не можеа да му одго­ворат, бидејќи се уплашија пред него. 4#37,28; Пс 105,17Но Јосиф им рече на браќата свои: „Дојдете поблизу до мене!“ И тие пристапија; а тој им рече: „Јас сум Јосиф, братот ваш, кого го продадовте во Египет. 5#50,20; Рим 8,28А сега, пак, не жалостете се, ниту да жалите што ме продадовте ваму, би­дејќи Бог ме прати мене пред вас, за да го запази животот ваш. 6Зашто има веќе две години, откако настапи глад на земјата, а уште пет години остануваат, во кои ќе нема ни орање, ниту жетва. 7Затоа Бог ме прати пред вас, за да ве зачува на земјата, а и да ви го запази животот со големо избавување. 8#41,42-43И така, не ме пративте вие ваму, ту­ку Бог, Кој ме постави како татко на фараонот и господар на целиот дом негов и кнез над целата египетска земја. 9Вратете се брзо кај таткото мој и кажете му: ‚Вака вели синот твој Јосиф – Бог ме постави за господар над целиот Египет; дојди кај мене, не одлагај. 10#46,28; 47,1-6; 2 Мојс 8,18; 9,26Ќе живееш во земјата Гесем, ќе бидеш близу до мене, ти и синовите твои, и внуците твои, и ситниот и крупниот твој добиток, и сѐ што е твое. 11А јас ќе се грижам ваму за пре­храната твоја, зашто глад ќе има уште пет години, та да не загинеш ти, и синовите твои, и сѐ, што е твое.‘ 12И ете, гледате со очите ваши, и братот мој Венијамин со свои очи гледа дека мојата уста ова ви го зборува. 13Раскажете му на таткото мој за сета моја слава во Египет и за сѐ што видовте, па поскоро доведете го ваму таткото мој.“ 14Потоа го прегрна братот свој Вени­јамин и плачеше во прегратката негова. А и Венијамин плачеше за братот свој. 15И ги бакнуваше сите браќа свои и, прегрнувајќи ги, плачеше. Потоа него­вите браќа разговараа со него.
Фараонот праќа покана до Јаков да дојде во Египет
16 # Изреки 16,15 Тогаш се слушна во домот на фараонот дека пристигнале браќата на Јосиф. И се зарадуваа фараонот и слугите негови. 17И му рече фараонот на Јосиф: „Кажи им на браќата твои – еве што ќе направите: ‚Натоварете го добитокот ваш, и вратете се во хананската земја. 18#47,6; Пс 81,16Па земете го таткото ваш и вашите семејства и дојдете кај мене, и ќе ви ја дадам најубавата земја што ја има во Египет, и така вие ќе живеете во изобилие во оваа земја.‘ 19А тебе, пак, ти заповедам да им кажеш – Вака направете: ‚Земете со себе од египетската земја коли за децата ваши и за жените ваши, и поведете го таткото ваш, и дојдете ваму. 20И немојте да жалите за покуќнината ваша, зашто сѐ што е најубаво во египетската земја, ќе биде ваше.‘“ 21И синовите Израелови така постапија. А Јосиф им даде коли, по наредба на фараонот; им даде и храна за по пат. 22#2 Цар 5,5И на сите им даде облека за преоблекување, а на Венијамин му даде триста сребреници и пет нови облеки. 23#43,11А и на татко си му испрати десет магариња, натоварени со најубави работи, што имаше во Египет, и десет магарици, натоварени со жито и храна на татко му за по пат. 24Тогаш ги испрати браќата свои, и тие тргнаа; а им порача: „Немојте да се карате по патот!“ 25И така тие излегоа од Египет, и стигнаа во земјата хананска кај Јаков, нивниот татко. 26#Пс 126,1; Јов 9,16; Лк 24,11И му раскажаа сѐ, велејќи: „Јосиф е жив, и тој е господар над целата еги­петска земја!“ А неговото срце се воз­немири, зашто не им веруваше. 27Но, кога му раскажаа за сѐ, што им беше рекол Јосиф, и кога ги виде ко­лите, што му ги беше испратил Јосиф, за да го земат, тогаш живна духот на Јаков, нивниот татко. 28#46,30И рече Израел: „Доволно е што уште е жив синот мој Јосиф; ќе појдам да го видам, пред да умрам.“

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in