Создавање 46
46
Патувањето на Јаков кон Египет
1 #
21,33; 28,10 И тргна Израел со сѐ што имаше, па, откако дојде во Вирсавија, Му принесе жртва на Бога од таткото свој Исак. 2#15,1; 31,24И му рече Бог на Израел ноќе во видение: „Јакове! Јакове!“ А тој одговори: „Еве ме!“ 3#26,23-25; 28,13-15Тогаш Тој му рече: „Јас сум Бог, Бог на твојот татко. Не плаши се да слезеш во Египет, бидејќи таму ќе направам од тебе голем народ. 4#50,1Јас ќе дојдам со тебе во Египет, и Јас пак ќе те вратам ваму; и Јосиф ќе ги заклопи очите твои.“ 5#45,19-21И тргна Јаков од Вирсавија; и синовите на Израел го сместија Јаков, таткото свој, и децата свои, и жените свои во колите, што им ги беше пратил фараонот, за да го доведат. 6И го зедоа добитокот свој и имотот свој, што го беа спечалиле во хананската земја, и дојдоа во Египет – Јаков и сиот негов род заедно со него. 7Синовите негови и внуците негови, и ќерките негови и внуките негови, и целото негово потомство.
Семејството на Јаков
8 #
2 Мојс 1,1-5; 4 Мојс 20,15; 26; 1 Лет 2; Дела; 7,14-15 А ова се имињата на децата Израелови, кои дојдоа во Египет: Јаков и синовите негови. Првенецот на Јаков, Рувим. 9Синовите Рувимови: Ханох и Палу, Есром и Карми. 10Синовите Симеонови: Јемуел, Јамин, Оад, Јахин, Сигор и Саул, син на Хананката. 11Синовите Левиеви: Гирсон, Каат и Мерариј. 12#38,3-10Синовите Јудини: Ер, Онан, Шела, Фарес и Зерах; но Ер и Онан умреа во хананската земја. Синови на Фарес беа Есром и Хамул. 13Синови Исахарови: Тола, Пуа, Јов и Шимрон. 14Синови Завулонови: Серед, Елон и Јахлеел. 15#29,31-35; 30,17-21Тоа се синовите на Лија, што му ги роди на Јаков во рамнината Арам, заедно со Дина, ќерката негова. Сите синови и ќерки негови беа триесет и три души. 16Синови Гадови: Цифон, Хагиј, Шуниј, Ецбон, Ериј, Ародиј и Арелиј. 17Синови Асирови: Јимна, Јишва, Јишвиј и Берија – и сестрата нивна Зара. А синови на Берија беа: Хевер и Мелхиил. 18#30,9-13Тоа се синовите на Зелфа, која ѝ ја даде Лаван на Лија, ќерката своја; таа му роди на Јаков шеснаесет души. 19Синови, пак, на Рахила, жената на Јаков, беа: Јосиф и Венијамин. 20#41,45.50-52А на Јосиф во Египет му се родија од Асената, ќерката на Потифера, свештеникот од Он: Манасија и Ефрем. 21А синови Венијаминови беа: Бела, Бехер и Ашбел; Гера, Наман, Ехиј, Рош, Мупим, Хупим и Ард. 22#30,22-24; 35,16-18Тоа се синовите на Јаков, што му ги роди Рахила, – вкупно четиринаесет души. 23А син Данов: Хушим. 24Синови на Нефталим: Јахцеел, Гул, Јецер и Шилем. 25#30,1-8Тоа беа синови на Билха, која ѝ ја даде Лаван на ќерката своја Рахила; таа му роди на Јаков вкупно седум души. 26Сите, кои дојдоа со Јаков во Египет и кои беа излегле од бедрата негови, освен жените на синовите Јаковови, беа вкупно шеесет и шест души. 27#2 Мојс 1,5; 5 Мојс 10,22; Дела 7,14И двајцата синови Јосифови, што му се родија во Египет; значи, сите луѓе од домот на Јаков, кои дојдоа во Египет, беа седумдесет.
Јаков во Египет
28Тој го прати Јуда кај Јосиф пред себе, за да им го покаже патот за Гесем. И дојдоа во земјата Гесем. 29Тогаш Јосиф ја впрегна колата своја, и му излезе во пресрет на Израел, таткото свој, во Гесем; и кога го виде, му се обеси околу вратот, и плачеше долго на вратот негов. 30#45,15.28Потоа Израел му рече на Јосиф: „Сега, бидејќи со свои очи видов дека си жив, можам да умрам.“ 31#45,10.16-18А Јосиф им рече на браќата свои и на целата фамилија Јаковова – „Одам да му соопштам на фараонот и ќе му речам: ‚Браќата мои и семејството на таткото мој, кои беа во хананската земја, дојдоа кај мене. 32Тие се луѓе овчари; отсекогаш се занимавале со сточарство; и го доведоа со себе ситниот и крупниот добиток свој и сѐ што имаа.‘ 33Ако, пак, фараонот ве повика и ве праша: ‚Каква работа работите?‘ 34вие кажете: ‚Сточари се слугите твои уште од младини па досега, и ние и татковците наши‘ – за да останете во земјата Гесем. Зашто Египќаните сите овчари ги сметаат за нечисти.“
Currently Selected:
Создавање 46: MK2006
Highlight
Share
Copy
Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006

: