Создавање 47
47
1И отиде Јосиф, па му јави на фараонот, велејќи: „Таткото мој и браќата мои, со својот ситен и крупен добиток, и со сѐ што имаат, дојдоа од хананската земја; и, ете, тие се сега во земјата Гесем.“ 2И земајќи од браќата свои пет души – ги претстави пред фараонот. 3А фараонот им рече на браќата негови: „Каква работа работите?“ Тие му одговорија на фараонот: „Овчари се слугите твои, и ние и нашите татковци.“ 4#5 Мојс 26,5И уште му рекоа на фараонот: „Дојдовме да поживееме во оваа земја, зашто нема пасишта за добитокот на слугите твои, бидејќи голем глад завладеа во хананската земја; затоа дозволи им на слугите твои да се населат во земјата Гесем.“ 5А фараонот му рече на Јосиф: „Таткото твој и браќата твои дојдоа кај тебе; 6земјата египетска е под твоја власт; насели ги на најдобро место: таткото твој и браќата твои; нека живеат во земјата Гесем; и, ако знаеш дека меѓу нив има способни луѓе, постави ги за надгледници над мојот добиток.“ 7#14,19Потоа го доведе Јосиф Јакова, таткото свој и го претстави пред фараонот: Јаков го благослови фараонот. 8А фараонот го праша Јаков: „Колку години имаш?“ 9#25,7; 35,28; 47,28; Пс 90,9-10; Јов 14,1; Ефес 5,16Му одговори Јаков на фараонот: „Деновите на мојот живот на земјата се сто и триесет години. Малку се, а беа и несреќни и не ги достигнаа дните на татковците мои, колку што тие живееја.“ 10Потоа Јаков го благослови фараонот и си отиде од него. 11#2 Мојс 1,11; 12,37А Јосиф ги насели и таткото свој и браќата свои и им даде најдобро место во сопственост во земјата египетска во областа Рамесес, како што беше заповедал фараонот. 12И му даваше Јосиф жито на таткото свој и на браќата свои, и на целиот татков дом, според бројот на членовите.
Снаодливоста на Јосиф за време на гладот
13Но жито немаше по целата земја, зашто гладот стана многу голем: се истоштија египетската и хананската земја од глад. 14#41,56-57И го собра Јосиф сето сребро што се наоѓаше во земјата египетска и во земјата хананска, за житото, што го купуваа, и го однесе Јосиф среброто во домот фараонов. 15И снема сребро во земјата египетска и во земјата хананска. Тогаш сите Египќани почнаа да доаѓаат кај Јосиф и викаа: „Дај ни леб! Зошто да умираме пред тебе? Среброто веќе заврши.“ 16А Јосиф им велеше: „Дајте го добитокот свој, па ќе ви дадам храна за добитокот, штом среброто сте го потрошиле.“ 17#Изреки 11,26И го доведуваа добитокот свој кај Јосиф, а Јосиф им даваше жито за коњите, за ситниот и крупниот добиток и за магарињата. Така ги исхрани таа година со жито во замена за сиот добиток нивни. 18А кога помина таа година, почнаа пак да доаѓаат кај него и втората година, велејќи: „Нема да криеме од господарот наш дека среброто наше сврши, а и стадата добиток се кај господарот наш, па не ни остана веќе ништо да му донесеме на господарот наш, освен телата наши и нивите наши. 19#Плач 1,11; 5,9; Неем 5,3За да не пропаднеме пред очите твои, купи нѐ нас и нивите наши за жито, па ние и земјата наша да му станеме робови на фараонот. А ти дај ни семе, да сееме и да останеме живи и да не умреме, та и земјата да не запусти.“ 20И така Јосиф ја купи за фараонот сета земја во Египет, бидејќи сите Египќани ја продадоа својата земја на фараонот, зашто гладот ги притисна. И земјата стана фараонова. 21А народот го пороби од едниот крај на Египет до другиот. 22Само не ги купи имотите на свештениците, бидејќи фараонот имотите им ги подарил, и тие се хранеа од давачки, што им ги определил фараонот. Затоа тие не ја продадоа својата земја. 23Јосиф, пак, му рече на народот: „Ете, ве купив денес вас и нивите ваши за фараонот. Па, еве ви семе, и посејте ги нивите. 24#45,6Но од родот една петина ќе му давате на фараонот, а четирите дела нека останат за вас: за сеење на нивите и за прехрана ваша и на оние, кои се по домовите ваши, како и за прехрана на вашите деца.“ 25А тие рекоа: „Ти ни го запази животот; нека најдеме милост пред господарот наш и да му бидеме робови на фараонот.“ 26#41,34; Езд 7,24И донесе Јосиф закон, кој е и денес во сила во земјата египетска: петина му припаѓа на фараонот, освен од земјата на свештениците, што не стана фараонова.
Последната желба на Јаков
27 #
35,11; 5 Мојс 26,5; Пс 105,24 А Израел се насели во египетската земја, во областа Гесем, и ја владееја, и се изнародија и намножија многу. 28И поживеа Јаков во египетската земја седумнаесет години; Јаков живееше вкупно сто четириесет и седум години. 29А кога се наближи времето Израел да умре, го повика својот син Јосиф и му рече: „Ако сум нашол милост пред тебе, стави ја раката твоја под бедрото мое, и направи ми милост и вети ми дека нема да ме погребеш во Египет. 30#49,29-32; 50,5-13Но за да почивам кај татковците мои, ќе ме пренесеш надвор од Египет и ќе ме погребеш во гробот нивни.“ А тој рече: „Ќе направам како што велиш.“ 31#1 Цар 1,47И му рече: „Заколни ми се!“ И тој му се заколна. Тогаш Израел му се поклони врз перницата од својата постела.
Currently Selected:
Создавање 47: MK2006
Highlight
Share
Copy
Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006

: