Создавање 5
5
Родословот на патријарсите од Адам до Ное
1 #
1,26
Ова е родослов на Адам: Кога Бог го создаде човекот, го создаде според образот Божји. 2Маж и жена ги создаде, и ги благослови, и ги нарече – човечки суштества – во денот кога беа создадени. 3Адам поживеа сто и триесет години, кога му се роди син според подобието негово и според образот негов, и му даде име Сит. 4А откако го роди Сит, Адам поживеа уште осумстотини години, раѓајќи синови и ќерки. 5И сите денови, што ги поживеа Адам, изнесуваа деветстотини и триесет години; потоа тој умре. 6Сит, пак, поживеа сто и пет години и му се роди Енох. 7По раѓањето на Енох, Сит живееше уште осумстотини и седум години, раѓајќи синови и ќерки; 8така поживеа Сит вкупно деветстотини и дванаесет години и потоа умре. 9Енох, пак, имаше деведесет години, кога му се роди Каинан. 10А откако го роди Каинан, Енох живееше уште осумстотини и петнаесет години, раѓајќи синови и ќерки; 11и така сите денови на Енох изнесуваа деветстотини и пет години; потоа тој умре. 12Каинан, пак, поживеа седумдесет години и го роди Махалалеил; 13а по раѓањето на Махалалеил Каинан живееше уште седумстотини и четириесет години, раѓајќи синови и ќерки. 14И така Каинан поживеа вкупно деветстотини и десет години; и умре. 15А Махалалеил поживеа шеесет и пет години, и го роди Јаред. 16По Јаредовото раѓање Махалалеил живееше уште осумстотини и триесет години, раѓајќи синови и ќерки. 17А сите денови од животот на Махалалеил беа осумстотини деведесет и пет години; потоа тој умре. 18Јаред, пак, поживеа сто шеесет и две години и го роди Енох; 19а откако го роди Енох, Јаред живееше уште осумстотини години, раѓајќи синови и ќерки. 20Сите денови, пак, од животот на Јаред изнесуваа деветстотини шеесет и две години; и умре. 21Енох, откако поживеа шеесет и пет години, го роди Метушелах; 22#49,14а по раѓањето на Метушелах, Енох живееше според волјата Божја триста години, раѓајќи синови и ќерки. 23А сите денови на Енох изнесуваа триста шеесет и пет години. 24#Евр 11,5И Енох, живеејќи според волјата Божја, исчезна, бидејќи Бог го зеде. 25Матусал, пак, поживеа сто осумдесет и осум години, и го роди Ламех; 26па, откако го роди Ламех, Метушелах живееше уште седумстотини осумдесет и две години, раѓајќи синови и ќерки; 27а сите денови од животот на Метушелах беа деветстотини шеесет и девет години; потоа умре. 28Ламех, пак, откако поживеа сто осумдесет и две години, доби син. 29#3,17-19И го нарече Ное, велејќи: „Овој ќе нѐ утеши во работите наши и во трудот на рацете наши на земјата, што Господ ја проколна.“ 30А откако се роди Ное, Ламех поживеа уште петстотини деведесет и пет години, раѓајќи синови и ќерки. 31Така поживеа Ламех вкупно седумстотини седумдесет и седум години; и умре. 32#6,10; 9,18; 10,1Ное имаше петстотини години, кога ги роди: Сим, Хам и Јафет.
Currently Selected:
Создавање 5: MK2006
Highlight
Share
Copy
Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006