YouVersion Logo
Search Icon

Јов 2

2
Второ искушение на Јов
1 # 1,6-8 Еден ден дојдоа синовите Божји да застанат пред Господ; со нив дојде и ѓаволот да застане пред Господ. 2И му рече Господ на ѓаволот: „Од каде дојде?“ Му одговори ѓаволот на Господ и Му рече: „Одев по земјата и ја обиколив.“ 3#2,9; 10,8; Пс 26,1Тогаш му рече Господ на ѓаволот: „Обрна ли внимание на Мојот слуга Јов? Зашто на земјата нема друг како него: човек непорочен, праведен, бого­бојазлив и кој го одбегнува злото, и сѐ уште цврсто се држи во својата непо­рочност; а ти Ме поттикнуваше, да го погубам без вина.“ 4Му одговори ѓаволот на Господ и Му рече: „Кожа за кожа, а за животот свој човек ќе даде сѐ што има; 5но ајде пружи рака и допри се до коските негови и плотта негова, – ќе Те благослови ли и тогаш?“ 6#38,11; Лк 22,31И му рече Господ на ѓаволот: „Ете, тој е во твоја рака; само душата не земај му ја.“ 7#5 Мојс 28,35Си отиде ѓаволот од лицето Госпо­дово и го порази Јов со лута рана – од стапалките на нозете негови до самото теме негово. 8#1 Цар 21,13; Ис 58,5; Ест 4,3; Дан 9,3И си зеде Јов тогаш цреп за да се чеша со него, и седеше на ѓубриште­то. 9И му рече неговата жена: „Ти сѐ уште си цврст во непорочноста своја. Проколни Го Бога и умри!“ 10Но тој ѝ рече: „Говориш како без­умна. Зар доброто да го примаме од Бога, а злото да не го поднесуваме?“ – Во сето тоа Јов не згреши со устата своја.
Доаѓање на тројцата пријатели на Јов
11Слушнаа тројцата пријатели Јово­ви за сите тие зла што го беа снашле, па тргнаа секој од своето место: Елифаз од Теман, Вилдад од Шуах и Софар од Ноема; се состанаа, за да одат да тагуваат заедно со него и да го утешуваат. 12#Ис 52,14; Ез 27,30И кога ги кренаа очите оддалеку, тие не го познаа; па викнаа со силен глас, та заплакаа; секој ја раскина својата горна облека и се посипаа со земја врз главите свои. 13И седеа со него на земјата седум дена и седум ноќи: никој ни збор не му проговори, бидејќи гледаа дека стра­дањето му беше многу големо.

Currently Selected:

Јов 2: MK2006

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in