YouVersion Logo
Search Icon

Матеј 18

18
Кој е најголем?
(Мк 9,33-37; Лк 9,46-48)
1 # Лк 22,24 Во тој час се приближија учениците до Исус и рекоа: „Кој е најголем во царството небесно?“ 2#19,13-14И Исус повика едно дете, го постави меѓу нив 3#5,20; Лк 18,17и им рече: „Вистина ви велам, ако не се промените и не бидете како деца, не­ма да влезете во царството небесно: 4#23,12кој ќе биде понизен како ова дете, тој е најголем во царството небесно; 5#10,40; Лк 9,48; Јн 13,20и кој прима такво дете во Мое име, Мене Ме прима.“
За соблазнувањата
(Мк 9,42-48; Лк 17,1-2)
6 # 5,29 „Кој ќе соблазни#18,6 Соблазнување значи наведување на грев. едно од овие ма­ли, за него е подобро да му се обеси во­денички камен на вратот и да потоне во морска длабочина. 7Тешко му на светот од соблазни, зашто соблазните треба да дојдат; но тешко му на оној човек, преку кого до­аѓа соблазната. 8#5,29-30; 7,14; 25,46Ако те соблазнува раката твоја или ногата твоја, отсечи ја и фрли ја од се­бе: подобро е за тебе да влезеш во животот без една рака или нога, отколку со двете раце и двете нозе да бидеш фрлен во вечниот оган; 9и ако те соблазнува окото твое, извади го и фрли го од себе: подобро е за те­бе да влезеш во животот со едно око, отколку да ги имаш и двете очи, а да би­деш фрлен во огнениот пекол.“
Парабола за загубената овца
(Лк 15,3-7)
10 # Дела 12,15; Евр 1,14 „Гледајте да не презрете едно од овие мали, зашто, ви велам, нивните ан­гели на небесата секогаш го гледаат ли­цето на Мојот Отец небесен. 11#Лк 19,10; 1 Тим 1,15(Зашто Синот Човечки дојде да го бара и спаси загубеното.) 12#Ез 34,16Што мислите? Ако некој има сто овци и една од нив се загуби, нема ли да ги остави деведесет и деветте в планина и да појде да ја бара загубената овца? 13Па, ако ја најде, ве уверувам дека ќе се радува за неа повеќе отколку за де­ве­десет и деветте незагубени. 14#Јн 6,39Така и вашиот Отец небесен не са­ка да загине ниедно од овие, маливе.“
Ако ти згреши ближниот
15 # Лк 17,3; Гал 6,1 „Ако згреши против тебе братот твој, оди и искарај го насамо; ако те послуша, си го придобил брата си; 16#5 Мојс 19,15; Јн 8,17; 2 Кор 13,1; 1 Тим 5,19ако не те послуша, поведи со себе уште еден или двајца, па со устата на двајца или тројца сведоци нека се по­тврди секој збор; 17#Рим 16,17; 1 Кор 5,11ако, пак, не ги послуша и нив, кажи ѝ на црквата; па, ако и црквата не ја по­слуша, тогаш нека ти биде тој како нез­набожец и цариник.“ 18#16,19; Јн 20,23„Вистина ви велам: сѐ што ќе св­р­зе­те на земјата, ќе биде сврзано и на не­бо­то; и сѐ што ќе разврзете на земјата, ќе би­де разврзано и на небото.
Заедничка молитва
19 # 7,7; Јн 15,7.16; 1 Јн 3,22 Пак ви велам: ако двајца од вас се согласат на земјата да молат за нешто, што и да било, ќе им биде дадено од Мо­јот Отец небесен; 20#28,20; Јн 16,23зашто, каде се двајца или тројца собрани во Мое име, таму сум и Јас сре­де нив.“
Братско простување
(Лк 17,4)
21 # 6,12; Лк 17,4; 23,34 Тогаш Петар пристапи кон Него и рече: „Господи, колкупати да му прос­там на брата си, кога ќе згреши против мене? До седумпати ли?“ 22#5,39.44-45; 1 Мојс 4,24; Ефес 4,32; 1 Сол 5,15Исус му одговори: „Не ти велам до седум, туку до седумдесетпати по се­дум.“
Парабола за немилосрдниот слуга
23 # 25,19 „Затоа царството небесно прилега на царот кој побарал да ја расчисти сметката со своите слуги. 24Кога почна да ја расчистува сметката, доведоа кај него еден што му дол­же­ше десет илјади таланти; 25па, бидејќи немаше со што да пла­ти, господарот негов нареди да го продадат него, и жена му, и децата негови, и сѐ што имаше, за да наплати. 26Тогаш тој слуга падна пред него на колена и му се поклонуваше говорејќи: ‚Господаре, стрпи се спрема мене и сѐ ќе ти платам.‘ 27#Лк 7,42А господарот на тој слуга се смилува, го пушти и му го прости долгот. 28Слугата, пак, штом излезе, најде еден од другарите свои, кој му должеше сто денарии, и кога го фати, го давеше и му велеше: ‚Врати ми го долгот!‘ 29Тогаш неговиот другар падна нич­кум пред нозете негови, го молеше и ве­леше: ‚Стрпи се спрема мене и сѐ ќе ти исплатам!‘ 30Но тој не сакаше, туку отиде и го фрли во затвор, додека не му го ис­пла­ти долгот. 31Другарите, пак, негови, кога видоа што се случи, многу се огорчија, па отидоа и му кажаа на својот господар за сѐ што се случи. 32Тогаш господарот негов го повика и рече: ‚Зол слуго, јас ти го простив це­лиот долг, зашто ми се молеше; 33не требаше ли и ти да се смилуваш над својот другар, како што се смилував и јас над тебе?‘ 34#Лк 12,58-59И се разгневи господарот негов, па го предаде на мачители, додека не му го исплати целиот долг. 35#6,14-15; Мк 11,25; Лк 23,34; Кол 3,13Така и Мојот Отец небесен ќе пос­тапи со вас, ако секој од вас не му прос­ти од срце на брата си.“

Currently Selected:

Матеј 18: MK2006

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in