Матеј 20
20
Парабола за работниците во лозјето
1 #
21,33
„Зашто царството небесно прилега на домаќин, кој излегол наутро рано да изнајми работници за своето лозје. 2Па, штом се спогоди со работниците по денариј на ден, ги прати во лозјето свое. 3Потоа, кога излезе околу третиот#20,3 Тоа е околу 9 часот наутро. час и виде други како стојат на пазариштето без работа, 4#21,28; Кол 4,1им рече: ‚Одете и вие во моето лозје, па што е право, ќе ви дадам.‘ И тие отидоа. 5Пак излезе околу шестиот и деветтиот#20,5 Околу 12 и 15 часот. час и направи исто. 6А околу единаесеттиот#20,6 Околу 17 часот. час одново излезе и најде други, како стојат без работа, и им рече: ‚Зошто стоите тука цел ден без работа?‘ 7Тие му одговорија: ‚Никој не нѐ повика.‘ А тој им рече: ‚Одете во моето лозје.‘ (И што е право ќе добиете.) 8#3 Мојс 19,13; 5 Мојс 24,15А кога се стемни, господарот на лозјето му рече на својот настојник: ‚Повикај ги работниците и плати им, почнувајќи од последните па до првите.‘ 9И дојдените околу единаесеттиот час добија по денариј. 10А кога дојдоа првите, помислија дека ќе примат повеќе; но и тие добија по денариј; 11и штом добија, негодуваа против господарот 12и велеа: ‚Оние последните работеа еден час, а ти ги изедначи со нас, што ја претрпевме тежината на денот и жегата.‘ 13А тој им одговори и му рече на еден од нив: ‚Пријателе, не те онеправдувам: нели се погоди со мене за денариј? 14Земи си го своето и оди си; и на овој последниов, сакам да му дадам колку и тебе; 15#6,23; Мк 7,22; Рим 9,19-21зар немам право да чинам со своето што сакам? Или ти е окото завидливо, зашто сум дарежлив?‘ 16#19,30; Мк 10,31; Лк 13,30Така ќе бидат последните први, а првите – последни; (зашто мнозина се повикани, но малкумина се избрани).“
Исус по третпат ги навестува Својата смрт и воскресение
(Мк 10,32-34; Лк 18,31-34)
17И кога се искачуваше Исус кон Ерусалим, ги зеде насамо дванаесетте ученици и по патот им рече: 18#7,22-23; 16,21„Ете, се искачуваме кон Ерусалим и Синот Човечки ќе им биде предаден на првосвештениците и книжниците, и ќе Го осудат на смрт, 19#26,2; Лк 24,7.46; Дела 10,40; 1 Кор 15,4и ќе Го предадат на незнабошците за да биде исмеан, и тепан, и распнат; и на третиот ден ќе воскресне.“
Честољубие и вистинско служење
(Мк 10,33-45; Лк 22,25-27)
20 #
27,56
Тогаш пристапи до Него мајката на Заведеевите синови, заедно со своите синови и, поклонувајќи Му се, Го молеше нешто. 21#19,28А Тој ѝ рече: „Што бараш?“ Таа Му одговори: „Заповедај овие мои два сина да седат до Тебе, едниот од десно, а другиот од лево во Твоето царство!“ 22#26,39.42; Ис 51,17-23; Ер 25,15-29; Јн 18,11Исус одговори и им рече: „Не знаете што барате! Можете ли да ја пиете чашата што ќе ја пијам Јас; или да се крстите со крштавањето со кое се крштавам Јас?“ Тие Му одговорија: „Можеме.“ 23#24,36; 26,39И им рече: „Чашата Моја ќе ја пиете, и со крштавањето, со кое се крштавам Јас, ќе се крстите, но да се седи на Мојата десна или лева страна, тоа не зависи од Мене; таму ќе седнат оние за кои е подготвено од Мојот Отец.“ 24И десетте, штом го чуја тоа, негодуваа против двајцата браќа. 25#Лк 22,24-27Но Исус ги повика и им рече: „Знаете дека кнезовите народни владеат над народите, и управниците господарат над нив; 26#Мк 10,43-44меѓу вас, пак, нека не биде така; а кој меѓу вас сака да биде поголем, нека ви биде слуга; 27#Мк 9,35; Јн 13,4-15и кој сака меѓу вас да биде прв, нека ви служи; 28#8,20; Ис 53,10; Мк 10,45; Рим 5,6; 1 Тим 2,6како што и Синот Човечки не дојде да Му служат, туку дојде да послужи и да го даде животот Свој за откуп на мнозина.“
Исцелувањето на двајцата слепи од Ерихон
(Мк 10,46-52; Лк 18,35-43)
29И кога излегуваше од Ерихон, по Него врвеше многу народ. 30#9,27И ете, двајца слепи, седнати покрај патот, штом чуја дека минува Исус, извикаа и рекоа: „Смилувај ни се, Господи, Сине Давидов!“ 31А народот им заповеда да молчат; но тие уште посилно викаа и велеа: „Смилувај ни се, Господи, Сине Давидов!“ 32Исус застана, ги повика и рече: „Што сакате да сторам за вас?“ 33#11,5Тие Му одговорија: „Да ни се отворат очите наши.“ 34#8,3; 9,29-30; Лк 10,33И Исус се смилува и се допре до нивните очи, и веднаш им прогледаа очите нивни; и тие тргнаа по Него.
Currently Selected:
Матеј 20: MK2006
Highlight
Share
Copy
Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006