Матеј 28
28
Исусовото воскресение
(Мк 16,1-10; Лк 24,1-12; Јн 20,1-10)
1 #
27,61; Дела 20,7 Кога измина саботата, на осамнување во првиот ден на седмицата, дојдоа Марија Магдалена и другата Марија да го видат гробот. 2#1,20; 2 Мојс 19,18; Дела 16,26И ете, стана голем потрес; ангел Господов слезе од небото, пристапи, го отстрани каменот од гробната врата и седна на него; 3#17,2; Лк 9,29; Дела 1,10лицето му беше како молња, а алиштата – бели како снег; 4#17,6а стражарите, уплашени од него, трепереа и беа како мртви. 5#14,27; 1 Мојс 15,1; Ер 30,10; Откр 1,17Ангелот им се обрати на жените и им рече: „Не плашете се; знам дека Го барате Исус распнатиот; 6#16,21; Дела 2,24не е овде, воскресна, како што беше рекол; дојдете и видете го местото, каде што лежел Господ, 7#26,32; Мк 14,28па отидете бргу и кажете им на учениците Негови дека Тој воскресна од мртвите. И ете, ќе отиде пред вас во Галилеја; таму ќе Го видите. Ете, ви кажав.“ 8#Мк 16,8И излегоа брзо од гробот, со страв и голема радост и отрчаа да им соопштат на учениците Негови. 9#2,2.8.11; 8,2; 14,33; 15,25; 28,17Кога одеа да им јават на Неговите ученици, Исус, ги пресретна и им рече: „Радувајте се!“ А тие се приближија, ги гушнаа нозете Негови и Му се поклонија. 10#Јн 20,17Тогаш Исус им кажа: „Не плашете се; одете и соопштете им на браќата Мои, да отидат во Галилеја, и таму ќе Ме видат.“ 11Кога одеа тие, ете, некои од стражарите, влегувајќи в град, им кажаа на првосвештениците за сето она што беше станало. 12#12,14И тие, кога се собраа со старешините и се посоветуваа, им дадоа многу пари на војниците, 13#27,64велејќи: „Кажете дека: ‚учениците Негови дојдоа и Го украдоа кога ние спиевме;‘ 14и, ако за тоа чуе управникот, ние ќе го смириме и ќе направиме и вам ништо да не ви се случи.“ 15А тие ги зедоа парите и направија, како што беа научени. И тој глас се пренесува меѓу Јудејците и до денес.
Исус им се јавува на Своите ученици
(Мк 16,14-18; Лк 24,36-49; Јн 20,19-23; Дела 1,6-8)
16 #
26,32
А единаесетте ученици отидоа во Галилеја, на гората, каде што им беше заповедал Исус; 17па, штом Го видоа, Му се поклонија; а некои се посомневаа. 18#4,9-10; 11,27; Дан 7,14; Јн 3,35; Ефес 1,20-22; Фил 2,9-11А Исус, кога се приближи, проговори и рече: „Ми се даде секаква власт на небото и на земјата. 19#10,6; 24,9.14; Ис 42,6; 49,6; Лк 24,47; Дела 1,8; 2,38; 19,5; Рим 6,3; Гал 3,27; Ефес 4,5Одете и научете ги сите народи, крштавајќи ги во името на Отецот, и Синот, и Светиот Дух, 20#1,23; 18,20; 1 Мојс 28,15; 2 Мојс 3,12; Ис.Н. 1,5; Ис 41,10; 43,5; Ер 1,8; Агеј 1,13; Дан 7,13-14; Јн 14,18-21и учејќи ги да пазат сѐ што сум ви заповедал; и ете, Јас сум со вас преку сите дни до свршетокот на светот.“
Currently Selected:
Матеј 28: MK2006
Highlight
Share
Copy
Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006