Филимон 1
1
Вовед и поздрави
1 #
Дела 16,1; Рим 1,1; Ефес 3,1; Фил 1,7.13-17 Павле, затвореник на Исус Христос, и братот Тимотеј, до возљубениот Филимон, нашиот сотрудник, 2#Рим 16,5; 1 Кор 16,19; Кол 4,15-17; 2 Тим 2,3и до Апфија, возљубената сестра, и до Архип, нашиот соборец, и до твојата домашна црква. 3#Рим 1,7; Гал 1,3; Фил 1,2Благодат вам и мир од Бога, нашиот Отец, и од Господ Исус Христос! 4#Рим 1,8-9; Ефес 1,15-16; Кол 1,3-4.9Секогаш Му благодарам на мојот Бог, кога те спомнувам во молитвите свои, 5бидејќи слушам за твојата љубов и вера, која ја имаш во Господ Исус и кон сите светии, 6#Гал 3,28; 5,6; Фил 1,9; Кол 1,9и молам нашата заедничка вера да се покаже во тебе на дело во познанието на секое добро, кое го имаме за Исус Христос. 7#2 Кор 7,4; 2 Јн 1,4-6Зашто ние многу се радуваме и утешуваме поради твојата љубов, брате, бидејќи преку тебе се успокоија срцата на светиите. 8Затоа, иако имам во Христос голема слобода да ти заповедам што треба да правиш, 9#Ефес 3,1; 4,1сепак, од љубов кон тебе, те молам јас, каков што сум, старецот Павле, а сега и затвореник за Исус Христос, 10#1 Кор 4,15; Гал 4,19; Кол 4,9и те молам за моето чедо, Онисим, што го родив во оковите свои: 11и тој некогаш беше непотребен за тебе, а сега ни е многу попотребен и тебе, и мене. 12Ти го праќам назад него – прими го како да е моето срце. 13#Фил 2,30Јас сакав да го задржам кај мене, за да ми служи место тебе во оковите што ги носам за Евангелието. 14#2 Кор 9,7; 1 Птр 5,2Но без твоја согласност не сакав ништо да направам, за да биде твојата добрина не како принуда, туку доброволна. 15Зашто, можеби тој поради тоа се одвои од тебе за малку време, за да го примиш засекогаш, 16#1 Кор 7,22не веќе како роб, а повеќе од роб, како возљубен брат, а особено за мене, и уште повеќе за тебе – и по тело, и во Господ. 17И така, ако ме имаш за содругар, прими го како да си ме примил мене. 18Ако, пак, во нешто ти згрешил, или ти е должен, префрли го тоа на моја сметка. 19#Гал 6,11; Кол 4,18Јас, Павле, напишав со своја рака: јас ќе платам, за да не ти речам дека ти и самиот цел си ми должен. 20Да, брате, да го добијат од тебе во Господ она за што Го молам; развесели го срцето мое во Господ. 21Убеден во твојата послушност, ти напишав, знаејќи дека ќе направиш и повеќе отколку што ти велам. 22А заедно со ова приготви ми и сместување, зашто се надевам дека со вашите молитви ќе ви бидам даруван вам. 23#Кол 1,7; 4,12Те поздравува Епафрас, кој е со мене затвореник во Христос Исус, Марко, Аристарх, Димас, Лука – моите соработници. 24#Дела 12,12.25; 13,13; 15,37-39; 19,29; Кол 4,10.14; 2 Тим 4,10-11Благодатта на нашиот Господ Исус Христос нека биде со вашиот дух. Амин!
Currently Selected:
Филимон 1: MK2006
Highlight
Share
Copy
Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006